Томас Улбрих, досегашен директор за електромобилност на марката Volkswagen, од 1-ви февруари ќе шефува со техничкиот развој. Неговиот претходник Франк Велш ќе раководи со новото одделение за обезбедување квалитет за сите марки од концернот Volkswagen.
Позицијата директор за електромобилност за марката Volkswagen се укинува. Досегашниот директор Томас Улбрих успешно ги воведе првите електрични возила врз платформата MEB на VW и неговите задачи соодветно ќе се вратат во одделните подрачја на одговорност, односно кај директорите на одделенијата.
Ралф Брандштетер, директор на марката Volkswagen, го образложува унапредувањето: „Томас Улбрих стави важни акценти за нашата марка на тема електромобилност. Тој во рекордно темпго реализираше напредувањето на ID.3 и ID.4 од скица до улица и со тоа постигна огромен придонес, за електромобилноста да стане масовна.“
Новиот технички директор на местото на др. Франк Велш, кој ја вршеше функцијата од 2015 година, по школувањето за автобравар продолжува со студии на Факултетот за конструирање возила во Хамбург. По дипломирањето, Томас Улбрих во 1992 година почнува да работи во логистиката во фабриката во Волфсбург, за во 1995 година да стане раководител на одделението.
Томас Улбрих постигна вистински подвиг со брзото воведување на електричните модели на Volkswagen во продажба
Во 1996 година, Улбрих ја презема логистиката во FAW-Volkswagen во Чангчун, Кина. Две години подоцна, тој презема одговорност за монтажата во „Сегмент II“ во фабриката во Волфсбург. Од 1999 година, Улбрих раководи со логистиката во фабриката во Емден. Во периодот од 2001 до 2008 година, тој е технички директор во AUTO 5000 GmbH во Волфсбург и гласноговорник на компанијата. Во 2008 година следи нова позиција, директор за производство на марката доставни возила Volkswagen во Хановер.
Две години подоцна следи местото на заменик директор за техника во Saic Volkswagen во Кина. Улбрих таму раководи со производството и логистиката во вкупно пет фабрики. Во периодот меѓу април 2014 година и јануари 2018 година, Улбрих како член на претседателството на марката Volkswagen одговара за производството и логистиката, за потоа да биде назначен за директор на одделението Е-мобилност.
>>> Од Trabant до електричен Volkswagen ID.3
















