Kia освои уште две награди за дизајн за своите најнови модели, за третата генерација на лимузината K5/Optima и за четвртата генерација на Sorento. Тие се победници во категоријата за транспорт во рамките на изборот Good Design.
Историјата се повторува за Kia, а тоа ѝ носи само позитивни моменти на марката од Сеул. Претходните генерации на Sorento и K5 – кај нас претходничката се продаваше под името Optima – во 2015 година исто така победија во изборот за Good Design. Меѓу останатите модели што имаат освоено награда во ценетиот избор за најдобар дизајн спаѓаат американскиот СУВ-хит Telluride и Soul.
Третата генерација на K5 е меѓу најсилните лимузини на Kia од средната класа досега. Возачите добиваат посветена и технолошки напредна алтернатива на традиционалните играчи во овој сегмент, а тоа значи на лимузините на германското премиум трио, плус Lexus и Volvo. Главниот печат во надворешниот стил го става маската „тигарскиот нос“, заедно со дневните светла што дизајнерите ги водат како „срцево биење“. Внатрешноста прикажува футуристички хај-тек дизајн, предводено од дигиталните инструменти од 12 инчи.

Комплетно новиот СУВ-знаменосец Kia Sorento ги презема основните црти од претходните генерации на моделот, додека во исто време внесува елегантни и господски стилски детали. Рабовите се нагласени и линиите се поостри, комбинирани со детали што оддаваат напредна технологија, со издолжена каросериска силуета. „Тигарскиот нос“ се повторува и кај Sorento, со издолжена маска што се втопува со светлата, кои сега претставуваат визуелен дел од истата. Внатре се става нагласок на материјали со врвен квалитет, напредни технологии за инфо-забава и впечатлив дизајн.
Во 70-та година на изборот, Good Design се вбројува меѓу најстарите избори за дизајн во светот. Програмата секоја година избира производи и индустриски лидери во дизајнот и производството, што воведуваат нови правци во иновирањето и ја заживуваат конкурентската трка на светскиот пазар.
















