Kia Sorento безбеден за пет ѕвезди според Euro NCAP

kia sorento 2020 euro ncap

Новата генерација на најголемиот СУВ на Kia за европскиот пазар освои пет ѕвезди на краш-тестот на Euro NCAP. Резултатите на Kia Sorento се 82% заштита за возрасни патници, 85% заштита за деца, 63% за заштита на пешаци и 87% во категоријата на системи за асистенција.

Конзорциумот Euro NCAP, „папата“ за безбедноста на автомобилите во Европа, му призна највисок степен на заштита на Kia Sorento, со неговата цврста патничка кабина во случај на судир, како и со врвна заштита во најчувствителните подрачја од каросеријата при страничен судир. Посебно е висок и резултатот на Kia Sorento во заштитата за деца. Тестирањето на седиштата и на потпирачите за глава покажа добра заштита за патниците од т.н. повратен удар во случај на налетување возило одзади. Системот за самостојно сопирање при опасност од судир, што се вградува станардно во секој Sorento, помогна за успешно да се избегнат незгодите при тестирањето на системите за асистенција.

Високите резултати во голем дел се должат на цврстата каросерија што се состои од голем процент на челик со висока цврстина. Отпорноста на торзија е пвоисока за 12,5% во споредба со споредбениот модел во класата што има добиено највисока оцена за безбедност досега. Седум воздушни перници се стандард, вклучувајќи и воздушна перница меѓу предните седишта. Нејзина функција е да спречи меѓусебно удирање на главите на патниците напред при страничен судир.

https://photos.app.goo.gl/v8twF3kPyFz5kqaMA

Новиот Sorento е достапен со богат пакет од системи за асистенција. Покрај самостојното запирање, што препознава и пешак или велосипедист на патот, клучни за безбедноста се и системот што реагира кога при скршнување на крстосница наидува возило. Дел од пакетот се и автоматско долго светло, предупредување при замор, систем за следење во лента и иновативна контрола на мртов агол. Приспособлив темпомат со самостојно запирање и поаѓање во колона исто така се достапни во Kia Sorento, како и камера за знаци и напредна помош при паркирање.

https://photos.app.goo.gl/tQJnHd9oz4W9xLCj6

Новиот систем за задржување во лента во Kia Sorento работи меѓу 0 и 180 km/h и при возење по автопат дозволува висок степен на автоматизација на возењето, при што самостојно забрзува и забавува, но и управува во свијоци, користејќи радарски сензори.

Посебно е иновативен системот за контрола на мртвите агли, кој прикажува реална слика од камерите во ретровизорите директно во дигиталните инструменти на Sorento, лево или десно, зависно на која страна во моментот се престројува возилото. Уште една новина е самостојното запирање на возилото по судир, во којшто се активирале воздушните перници. На тој начин се избегнува опасноста за возилото да продолжи да се движи по судирот и да удри во друга пречка.

Моделот се очекува во почетокот на следната година да пристигне на македонскиот пазар. Конкретен датум уште не се објавува. Сите генерации на Sorento досега се продаваа на домашниот пазар и постигнуваа висок удел во продажбата во својата класа.

>>> Kia вградува 17 системи за асистенција во новиот Sorento

Претходна објаваToyota ќе пушти електричен СУВ покрај RAV4
Следна објаваMercedes вложува 350 мио. € во новиот електричен Sprinter

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here