за

Toyota ќе пушти електричен СУВ покрај RAV4

СУВ од средната класа што ќе вози само на струја пристига наскоро во понудата на Toyota.

Toyota ќе пушти електричен СУВ покрај RAV4

Моделите со погон на струја на Toyota пристигаат многу брзо и тоа не треба да изненадува. Половина од хибридите што Јапонците ги продаваат над 20 години е електричен автомобил.

Пред околу година и пол, СУВ-модел во средната класа со чисто електричен погон беше само план во Toyota. За неколку месеци, јапонскиот примус ќе го прикаже моделот пред светот, а во текот на 2021 година ќе следи и почеток на сериското производство.

Деталите околу моделот засега се скромни. Единствено се наведува дека станува збор за СУВ-модел од средна класа, што значи дека моделот ќе има димензии и спецификација слични со RAV4. Основа на возилото е електрична верзија на платформата TNGA што Toyota ја применува во целата гама, од Yaris до Lexus LS. Под платформа TNGA всушност се подразбира единствен пристап при конструирањето на возилата, со нагласок на возната динамика и на уживањето во возење, како и со лесна конструкција и рационално искористување на просторот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Европа е клучен регион за електричниот модел што во понудата на Toyota ќе фигурира покрај бестселерот RAV4. Платформата e-TNGA располага со голема приспособливост и овозможува брз развој на модели од други класи и сегменти, по разумни трошоци. Нема ограничувања во поглед на ширината, должината, меѓуоскиното растојание и висината.

Врвна приспособливост на платформата e-TNGA ќе овозможи брз развој на нови модели со исплатливи трошоци

Како врв на приспособливоста, e-TNGA ќе може да се користи за модели со преден или заден погон, исто како и за модели со погон на сите тркала. Различни големини на батерија и електромотори исто така ќе се изведуваат едноставно во идните модели врз електричната платформа. Моментно се подготвува производството на моделот, коешто ќе се одвива во Јапонија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Toyota за брзо време ќе го преземе следниот чекор во претставувањето на идната понуда од батериски електрични возила, со премиерата на сосем нов СУВ од средната класа во следните месеци. Разновидноста и приспособливоста на технологијата e-TNGA ни овозможува да конструираме и да создаваме возила кои покрај тоа што се батериско електрични, исто така се возбудливи за возење и изгледаат убаво.

Коџи Тојошима, заменик генерален директор, ZEV Factory, Toyota Motor Corporation

Вкупно шест модели со чисто електричен погон пристигаат во првата фаза од стратегијата. Во соработка со Suzuki и Daihatsu се развива модел од компакт класата. Партнер за сега најавениот СУВ од средната класа е Subaru. Понатаму ќе следат миниван од средна класа, голем СУВ, лимузина од средна класа и кросовер од средна класа.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во e-TNGA се фиксни положбата на предниот или на задниот електромотор, положбата под хаубата, оддалеченоста на возачот од предните тркала, ширината на батеријата и уште неколку елементи, додека слободно може да се менуваат меѓуоскиното растојание, големината на батеријата, каросериските превиси и друго.

>>> Toyota со 10 нови електромобили во следните десет години

Toyota електрични автомобили
Идни електрични модели на Toyota

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

VOLKSWAGEN JAC АНХУЕИ КИНА ЦЕНТАР

Вака изгледа новиот развоен центар на Volkswagen во Кина

kia sorento 2020 euro ncap

Kia Sorento безбеден за пет ѕвезди според Euro NCAP