Volkswagen ја презеде контролата во заедничката компанија JAC во Кина и со инвестицијата од една милијарда евра ќе ги развива капацитетите во Анхуеј во центар за производство на електрични возила и поттикнување на дигитализацијата во земјата.
Кинеската провинција Анхуеј ќе прерасне во нов центар за електромобилноста на Volkswagen во Кина. Како прв чекор, денес во Хефеи е отворен нов центар за истражување и развој. Во исто време, заедничката инвестиција JAC Volkswagen се преименува во Volkswagen (Anhui) Automotive Company Limited. Германскиот концерн располага со 75% од контролата на менаџментот во Анхуи.
Тука ќе се развиваат и произведуваат возила врз основа на модуларната платформа за електричен погон MEB. Првото возило од оваа производствена локација се очекува во 2023 година. Покрај модерни електрични возила на платформата MEB на концернот, што ја користат ID.3, ID.4, но и Skoda Enyaq, во Анхуи ќе се развиваат и други високи технологии. Инвестицијата за годинава изнесува околу една милијарда евра, вклучувајќи зголемување на уделот на VW од 50 на 75 проценти. Овој центар има задача да ја зајакне улогата на Кина во електрификацијата и дигитализацијата на целиот концерн Volkswagen.
https://photos.app.goo.gl/UJ64VZdyWsaBq2MX6
Со новата организација во Кина ќе се овозможи побрз развој на новите модели и ќе се скуси времето до нивниот пазарен старт. До 2025 година во центарот ќе се вработат 500 лица. Во текот на 2021 година ќе следи опремување на производствените линии, изградба на погон за монтажа на батерии и центар за тестирање на возила и компоненти. Комплетната изградба на фабрика за електрични автомобили ќе заврши во 2022 година и ќе располага со капацитет за 350.000 возила годишно. Првиот модел од сериско производство е планиран за 2023 година.
>>> Volkswagen ја зголемил продажбата на автомобили во Кина
















