АДАК бара диодни светла што ќе траат подолго

Животниот век на LED-светлата изнесува околу 15 години. Тоа е три години помалку од просечната старост со којашто автомобилите на германскиот пазар завршуваат на отпад. Клубот АДАК негодува поради високите трошоци и бара да се вградуваат подолготрајни диодни светла.

Дефектот на диодните светла може да чини многу пари. Така покажа истражувањето на клубот АДАК. Точно е дека LED-светлата имаат мал процент на дефекти и според ветувањата на повеќето производители на возила, предните, стоп и задните светла со оваа техника би требало да траат исто колку автомобилот. Но, кај постарите возила расте и ризикот дека ќе биде потребна скапа поправка.

Според АДАК, диодните светла се проектирани да издржат 15 години. Но, просечната старост со којашто автомобилите во Германија завршуваат во отпад изнесува 18 години. Доколку се расипат, диодните светла мора да се заменат комплетно. Цената за тоа може да биде од една до неколку илјади евра. „Квалитетните диодни матрични светла чинат далеку над 3.000 евра“, соопштуваат од клубот.

Не е предвидена можност за поправка на диодните светла

АДАК открива дека воопшто не е предвидена можност за поправка на диодните светла. Според клубот, достапни се само комплети за замена на држачите за светлата. Тие можат да бидат од корист во случај на полесен удар на паркинг, доколку светлото и предниот панел не се оштетени.

Покрај тоа, диодните светла смее да се поправаат само доколку тоа е наведено во хомологацијата за светлото или за светилката. „Но, повеќето светла едноставно не се конструирани за да се поправаат“, цени АДАК. „Поправката има смисла, на пример доколку откаже интегрираната контролна електроника, а самиот светлечки модул е исправен“, порачуваат од клубот.

АДАК бара од производителите на автомобили да вградуваат диодни светла што се проектирани најмалку за исто толку години колку автомобилот. Покрај тоа, треба да се осмислат концепти за поправка, со цел поправката да биде евтина и исплатлива за сопствениците.

>>> Osram ќе произведува само диодни светла за автомобили

osram led svetla avtomobili

Претходна објаваBMW ќе ја зголеми продукцијата на електрични автомобили
Следна објаваŠkoda имаше електрична 2020 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here