Во видеото се опишуваат предизвиците со коишто се соочуваше марката при првото појавување на пазарот. Исто толку е возбудливо и прикажувањето на начинот на коишто традиционалната јапонска гостопримливост (омотенаши) и врвната занаетчиска вештина (такуми) беа пренесени во возилата на Lexus.
Меѓу клучните историски моменти се издвојува претставувањето на првата генерација на RX, кој ги постави основите на луксузен СУВ-автомобил. Овој модел, во изведбата RX 400h, подоцна ќе стане прв автомобил од луксузниот сегмент што е достапен со хибриден погон. Секако дека не смее да недостига LFA, рачно изработениот суперавтомобил што докажа дека Lexus може да направи и екстремни тркачки машини со врвна технологија.
Додека марката продолжуваше да освојува нови светски пазари, така постојано се усовршуваа и квалитетите врз коишто почиваше марката и се зацврснуваше позицијата на Lexus. Јапонската премиум марка заслужи да се вбројува заедно со Audi, BMW, Mercedes и Volvo.
Во целиот овој период, Lexus остана најмногу препознатлив по едно. Марката отсекогаш им пристапуваше на работите, имајќи го човекот во центарот. На тој начин, Lexus му покажа на автомобилскиот свет, дека покрај тоа што произведува и конструира одлични автомобили, на своите клиенти им нуди и посебно животно искуство.
>>> Кога ќе се вкуси Lexus: Рецепти од луксузната марка на Toyota

















