Седум моделски серии на Audi нудат приклучен хибриден погон

Нови модели на Audi што се достапни со приклучен хибриден погон се A3 Sportback, Q3 и Q3 Sportback, како и Q8. Сите свои модели со овој погон, Audi ги развива според трите начела: Уживање во возењето, едноставно полнење и висока практичност во секојдневието.

Бројот на моделски серии во коишто Audi нуди погон PHEV (PHEV = plug-in-hybrid electric vehicle, возило со приклучен хибриден погон) порасна на седум. По големите модели A6, A7 Sportback, A8 и Q7, понудата летоска ја дополни новиот A3 Sportback. Потоа следеше Audi Q8. Најновите модели во оваа понуда се Q3 и Q3 Sportback, како почеток на СУВ-понудата од модели со приклучен хибриден погон на Audi. Заедничката ознака на сите модели со овој погон е „TFSI e“.

При развојот на сите модели со приклучен хибриден погон, во Audi се внимава посебно на уживањето во возењето. Во тој поглед е интересен фактот на којшто потсетуваат инженерите на баварската марка. Кога посилно ќе се притисне врз гасот, електромоторот асистира и испорачува дополнителна моќ, уште пред турбокомпресорот да го создаде потребниот притисок. Тоа овозможува забрзувањето да биде уште подиректно и посилно.

Audi A3 Sportback 45 TFSI e

Системот за навигација исто така помага да се заштеди гориво, односно да се сочува енергија, за слчучај кога ќе треба екстра „буст“. Тука станува збор за систем PBS, односно погонска стратегија што го предвидува одвивањето на патот. Преку податоците од системот за навигација, погонот знае, на пример, кога претстои нагорнина или кривулест пат и соодветно ја крои стратегијата за работа на погонот. За таа цел се користат и сензорските системи во возилото, што ги читаат сообраќајните знаци, детектираат крстосница, побавно возило напред и др.

Ввозачот може да избере режим „Battery charge“, кога работата на моторот се користи за полнење на батеријата. Тоа важи за случај кога возачот сака (или мора) одредено растојание подоцна да го мине чисто со погон на струја, на пример, во заштитена градска еко-зона.

При сопирање, A3 TFSI e и Q3 TFSI e вршат повраток на енергија до 40 kW, додека оваа вредност кај Q8 TFSI e quattro достигнува 80 kW

Електромоторот забавува максимално со 0,3 g. Тоа е воедно и најчестиот интензитет на забавување во секојдневието. Притоа, електромоторот дејствува како генератор и кинетичката енергија на возилото ја претвора во електрична енергија, полнејќи ја батеријата (рекуперација). Од досегашните искуства на редакцијата, потребата од притискање на сопирачката е многу поретка отколку кај обичниот погон. На тој начин се постигнува одличен степен на т.н. рекуперација. Секако дека рекуперацијата е активна и кога возачот ќе притисне врз сопирачката.

„Тројките“ на Audi со приклучен хибрид полнат со моќност од 2,9 или 3,6 киловати, додека моделите почнувајќи од средната класа нагоре, полнат со најмногу 7,4 kW. Тоа значи дека времетраењето на самото полнење преку трифазна струја трае меѓу 2,5 и 4,5 часови. Поголемите модели полнат подолго затоа што имаат и поголема батерија за полнење.

Батеријата е литиум-јон, со капацитет меѓу 13,0 и 17,9 kWh

Досегот при возење само на струја на Q8 55 TFSI e изнесува 59 километри, според старата норма NEDC. Кај СУВ-компактите Q3 и Q3 Sportback 45 TFSI e, истиот достигнува 61 километри. Шампион во досегот е компактот A3 Sportback 40 TFSI e, со 78 километри на струја.

Фабриката на Audi во Некарсулм доби 30 нови полначи за струја

Моторот во компактните модели е 1.4 TFSI со 150 КС. Во моделите со приклучен хибриден погон во сериите A6 и A7 Sportback работи 2.0 TFSI со 252 КС, додека во Q8, исто како и во A8 и Q7 работи 3.0 TFSI со моќност од 340 КС. Зависно од моделот, електромоторот располага со моќност меѓу 80 и 100 kW (109 и 136 КС). Електромоторот е вграден во куќиштето на автоматскиот менувач, во т.н. хибриден модул, заедно со разделна спојка, преку којашто моторот TFSI е споен со преносот на сила. Електрична пумпа за масло во автоматскиот менувач гарантира снабдување со масло, а со самото тоа и менување на степените на пренос – дури и кога TFSI е неактивен.

Кај компактните модели, преносот на сила го врши шестстепен S tronic со двојна спојка. Во вишата и луксузната класа, работи или седумстепен S tronic или осумстепен автоматик tiptronic. Во вториот случај, погонот quattro е стандард. Кај A6 и A7 Sportback станува збор за quattro со технологија ultra, значи со автоматско вклучување на задниот погон. Кај A8, Q7 и Q8, работи псотојан погон на сите тркала quattro со чисто механички средишен диференцијал.

>>> Audi, BMW, Mercedes: Продажбата класа по класа

Audi, BMW, Mercedes: Продажбата класа по класа

Претходна објаваFord разви џемпер за безбедно растојание
Следна објаваКои автомобилски марки изгубија, а кои добија во 2020?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here