Нова директорска позиција во марката Skoda и во концернот Volkswagen. Арва Олјеклаус ќе ја раководи марката Skoda на пазарите во регионот на Северна Африка.
Од 1-ви јануари 2021 година, Арва Олјеклаус ја презема новата позиција на директорка на Skoda за регионот на Северна Африка. Олјеклаус доаѓа од функцијата на директорка за унапредување на бизнис и односи со клиенти на марката Skoda за чешкиот пазар. Менаџерката подолго од 20 години работи во автомобилската бранша.
Работното место на раководител на активностите за регионот на Северна Африка е новоформирано во чешката марка. Со овој чекор, Skoda ја презема одговорноста за целиот концерн Volkswagen, за раководењето и унапредувањето на марките и услугите на концернот, на овие и на блиските пазари што бележат голем раст.
Volkswagen моментно е присутен во регионот, во Агипет, Тунис, Мароко и Алжир. Исто како во Индија и Русија, Skoda на овие пазари отсега ќе биде одговорна за сите активности на концернот. Меѓу трите клучни задачи спаѓа освојувањето нови растечки пазари за Skoda. Целта во рамиите на стратегијата „Next Level Skoda“ е на овие пазари да се постигне профитабилен раст во најпродаваните автомобилски класи.
Олјеклаус по завршувањето на студиите по економија во Париз, продолжува да се специјализира за меѓународна трговија и унапредување на бизнис во Франција. Нејзината професионална кариера во автомобилската индустрија започнува во 2000 година, во групацијата PSA. Последна позиција таму ѝ е продукт-менаџерка за семејството модели од А-СУВ-сегментот и за вановите на марката Peugeot.
Од 2011 година, Арва работи во Skoda и во почетокот е одговорна за СУВ-моделите од А-сегментот. Три години подоцна, таа ја презема директорската функција во одделението за унапредување на бизнисот. Родум Французинка, Олјеклаус зборува уште англиски, арапски и германски, како и чешки јазик.
Северна Африка е пазар каде што романската буџет-марка Dacia доминира подолго време. Лани само во Алжир беа продадени близу 120.000 возила од сите автомобилски марки. Мароко е уште поголем пазар, со близу 160.000 возила лани и прво место за Dacia.
>>> Моделите на Skoda во фантастични есенски снимки низ Македонија

















