Ford е прв производител на автомобили, што својот виртуелен тркачки болид P1 го пренесе во реалноста, преку денешната онлајн-презентација. Германскиот огранок на Ford, во соработка со играчката заедница, разви виртуелно возило, што сега постои и во реалноста. Во компјутерските игри е вообичаено вистинските возила да се претвораат во графички модели.
Тркачкиот болид P1 го започна своето патување во март годинава, кога Ford ја замоли играчката заедница да гласа на твитер за функциите на автомобилот. Фановите предлагаа конфигурација на седиштата, положба на моторот и дизајн на кокпитот. Пристигнаа близу четвртина милион гласови.
Стјуарт Раули, претседател на Ford Europa, одушевен е од возилото: „Ми се допаѓа секој детал на тркачкиот автомобил. Кога во почетокот на годината зборувавме за дизајнот, за мене беше најважно да се познава дека станува збор за Ford“. Играчката заедница сето време соработуваше со дизајнерскиот тим.
Дизајнот на каросеријата на Fordzilla P1 е дело на Артуро Арињо, додека за внатрешноста беше задолжен Роберт Енгелман. Двајцата дизајнери се вработени во Ford и создаваат во центрите во Дантон и Келн.
https://photos.app.goo.gl/hyAhFRqYx9TbECVw9
Возилото е контруирано околу монокок, што делумно е обложен со голем аеродинамичен оклоп во стил на борбен авион. Проѕирната купола над двете седишта овозможува јасно да се види колку техниката во тркачкиот автомобил е слична со болидите во Формула 1.
За возилото од CAD-модел да се претвори во вистински тркалки хиперавтомобил беа потербни само седум недели. Team Fordzilla P1 е прв автомобил на Ford што е развиен строго дигитално, без лична интеракција во целиот период на изработката на возилото. Поради пандемијата, тимот работеше одвоено, во голем дел и во домашна средина.
>>> Ford ќе прикаже виртуелен тркачки автомобил развиен од гејмери

















