Volkswagen започнува со нарачки за првиот Tiguan со приклучен хибриден погон. Со полна батерија, СУВ-бестселерот на концернот ќе минува до 50 километри, пред да се вклучи бензинецот.
Електричната офанзива на Volkswagen е во полн ек. Нов модел што се приклучува на електро-движењето е бестселерот Tiguan. Со батерија што дозволува досег до 50 километри, возачите на eTiguan ќе можат без проблем да ја минат вообичаената дневна тура, без воопшто да има потреба да проработи бензинецот. Цената во Германија почнува од 42,413 евра, на што следи државна субвенција во висина од 4.000 евра.
Покрај хибриден режим, може да се избере и GTE-Mode, кога електромоторот и 1,4-литарски TSI работат со цел да внесат дополнителна динамика во возењето. Системската моќност изнесува 245 КС, додека системскиот вртежен момент достигнува 400 њутнметри. Tiguan eHybrid при секое стартување автоматски вози во режим E-Mode, доколку батеријата е доволно полна и температурата е над -10° C.
https://photos.app.goo.gl/QL96H3NL47nVftPA9
Батеријата се наоѓа во подот пред задната оска и може да се полни на обичен домашен приклучок со максимално 2,3 kW, односно на ѕиден полнач со моќност до 3,6 kW.
На располагање стојат три нивоа на опрема, Life, Elegance, но и спортското R/Line. Во стандардната опрема спаѓаат дигитални инстурменти, тризонска климатизација со нов панел за ракување, мултифинкциски волан, приспособлив темпомат, самостојно запирање при опасност од судир, паркинг сензори напред и назад, алу-тркала од 17 инчи и кровни носачи за багаж. Во сериската опрема спаѓаат и систем за следење лента, сензор за дожд и диодни светла.
https://photos.app.goo.gl/fvL7t2dm7NttT4CJA
https://photos.app.goo.gl/R2pfD8WX6qyXWBjc9
















