Џули Корс, извршна директорка за квалитет на Kia Motors America, именувана е меѓу 100-те водечки дами во автомобилската индустрија во САД за 2020 година, според индустриското гласило Automotive News. Листата се составува на секои пет години од страна на уредниците и репортерите на Automotive News. Истата ги именува најталентираните и највлијателни дами од различни дисциплини, кои имаат силно влијание врз автомобилската индустрија. Корс вторпат е на оваа престижна листа.
„Ова големо постигнување е заслужено, но тоа не нé изненадува,“ изјави Шон Јун, претседател на Kia Motors во Северна Америка. „Џули е клучен играч во исклучителната успешна приказна на Kia и заслужна е за највисоките признанија за квалитет и издржливост што ги освоија возилата од нашата марка. Горди сме и благодарни сме за талентот и лидерството што секојдевно ги внесува во тимот на Kia.“
Одушевеноста на Џули од автомобилите влече корени уште од детството, додека таа работела во гаражата заедно со својот татко, кој е инженер. По завршувањето на колеџот, таа се вработила во автомобилската индустрија како инженер. Во 2009 година, госпоѓа Корс се вработува во Kia и придонесува марката да прерасне во лидер во браншата во поглед на квалитетот и изработката.
Џули има голема заслуга за усовршувањето на имиџот на Kia на пазарот во САД. Од компанијата ѝ признаваат на дамата дека нејзините познавања, работната етика и вниманието за детали биле клучни за Kia да стане највисоко пласирана масовна автомобилска марка во рангирањето на квалитетот според J.D. Power. Марката шест години во низа е на врвот на листата.
„Почестена сум што се наоѓам на оваа листа на толку успешни дами,“ изјави Корс. „За мене е мошне инспиративно кога ги читам работните биографии и искуства на толку истакнати личности. Многу ми значи да бидам во оваа група.“
>>> Рафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

















