Британците тврдат Lexus RX 450h е најдобар премиум-хибрид

lexus rx најдобар премиум хибрид drivingelectric

Престижниот СУВ-модел Lexus RX 450h е најдобар автомобил со хибриден погон во премиум сегментот, оцени водечкиот британски вебсајт за електромобилност.

При прогласувањето на победникот, уредникот на DrivingElectric, Ричард Инграм изјави: „Lexus RX е префинет и луксузен СУВ што со напредната хибридна технологија ги засенува своите соперници со дизел мотори. Заслужен добитник на нашата награда за Најдобар премиум хибриден автомобил.“

Ознаката RX историски се поврзува со првиот хибриден автимобил од луксузниот сегмент, со RX 400h, кој ја воведе технологијата меѓу премиум возилата во 2004 година.

До актуелната четврта генерација, RX постојано ги подигнуваше стандардите за комфор, префинетост и луксуз со карактер на рачна изработка, во исто време подобрувајќи ги штедливоста и динамичните возни својства.

Новина во понудата е изведбата со продолжено меѓуоскино растојание и со места за седум патници во изведбата RX L. Од моделската серија во меѓувреме се продадени повеќе од половиона милион примероци, вклучувајќи 131.000 примероци само во Европа.

RX послужи и како основа за проширувањето на понудата од СУВ-модел на Lexus, во којашто влегува NX од средната класа и UX од компакт класата, кој беше воведен лани. UX е воедно и зачетник на чисто електричниот погон во луксузната марка на Toyota, со изведбата UX 300e што моментно стартува со продажба на избрани европски пазари.

>>> Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Lexus RX450h
Lexus RX450h

>>> По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

>>> Тест: Lexus ES 300h Luxury

Lexus ES 300h Test 018_1

Претходна објаваСо Mini Countryman на пат по најдобрата новогодишна елка
Следна објаваMini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here