Со Mini Countryman на пат по најдобрата новогодишна елка

Со Mini Countryman на пат по најдобрата новогодишна елка

За Нова Година се разбира дека за домот треба да се избере најубавата од сите елки. За тоа треба да се отпатува подалеку од градот, до подалечните расадници. Mini се впушти во предизвикот и го има вистинскиот автомобил, што прави и расположението да биде на ниво, а во исто време е способен за транспорт по снег и мраз.

Календарот покажува дека се ближи Нова Година. Нема денови за одложување, мора да се најде вистинската елка, да не биде преголема, ниту пак премала, да биде свежа и со густи гранки. Традицијата за елката да се накити со светилки и лампиони останува, без разлика колку годинава нé постави пред големи предизвици.

Марката со малечките, но созреани автомобили, Mini, деновиве се активира околу овој важен претпразничен предизвик. Со радоста што ја носи, британската марка совршено се вклопува во расположението. Секако дека Mini го има вистинскиот автомобил и за оваа пригода, Cooper S Countryman ALL4. Со опционалните шини на покривот и со багажникот што се нуди како прибор, компактниот СУВ е најдобро подготвен за потрагата по најубавата новогодишна елка.

https://photos.app.goo.gl/8DCYpjdHbKiaam3p9

Не мора да се потроши многу време, елки од секаков вид и големина деновиве може да се набават и на паркиралиште пред супермаркет. Но, дали тие навистина се свежи, за да го издржат долгото празнување? Изборот во хоби-маркетите на периферијата на градот е уште поголем, а исто се големи и редиците за чекање.

Оваа предновогодишна авантура на Mini се одвива во Минхен, во престолнината на Баварија. Таму сé е организирано по малку повешто, дури и кога станува збор за набавката на елка. Секако дека „организирање“ не подразбира да се понесе секирата и да се уништува шума. Иако, секирата во овој случај е неопходна. Некои придаваат големо значење на чинот, елката за Нова Година да ја пресечат сами – на наменски расадници за таа цел.

https://photos.app.goo.gl/BMNgfWQdcE2HeigW6

Авантуристите од оваа приказна, во системот за навигација на Mini Cooper S Countryman ALL4 впишуваат „новогодишни елки за сами да ги пресечете“. Секако дека на дисплејот се појавуваат неколку дузини адреси во подрачјето околу Минхен. Која адреса да се избере? Нормално, таа што е подалеку од градовите. Во тој случај, како вистински избор се покажува Тирол во соседната Австрија.

Новогодишни елки од наменски шумски расадници во Тирол, како марка со гарантиран квалитет

По возбудливата тура по кривулестите патишта околу Гармиш Партенкирхен, Cooper S со своите 178 КС брзо пристига на местото кадешто веќе се чувствува новогодишниот дух. Во Тирол, неколку шумски стопанства, уште пред повеќе од 25 години се здружија со цел да ја создадат марката на „Тиролска новогодишна елка“. Зад ова име стојат врвен квалитет и стручно одгледување на елките. Секоја година од „шумите“ на регистрираните одгледувачи заминуваат повеќе од 30.000 елки во домовите.

https://photos.app.goo.gl/DEu7gbRd2MX9n4pJ8

Турата со способниот Mini Countryman со „беемвеовски“ погон на сите тркала минува релаксирано, така што може да се ужива и во панорамата, ова сепак се Алпите. Кусо пред пристигањето во глечерскиот регион пред Зелден се покажува табла покрај патот, на којашто пишува „Weihnachtsbäume direkt vom Feld“, односно „Новогодишни елки директно од шума“.

Снегот не е проблем за Cooper S Countryman со важната додавка All4, што укажува дека се работи за погон на сите тркала. Патувањето вредеше, елките во овој божествен дел од Алпите се по точна мера. Останува единствено да се направи завршниот избор според густината на гранките и формата на врвот. Во предвечерието, елката е веќе натоварена и со задоволство се вози до дома, каде што „трофејот“ ќе биде украсен уште истата вечер.

>>> Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

Претходна објаваMercedes S-Class над светот на бројките и стандардите
Следна објаваБританците тврдат Lexus RX 450h е најдобар премиум-хибрид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here