Mercedes S-Class над светот на бројките и стандардите

mercedes s-class w 223 mak autostar 1

Mercedes-Benz S-Class од генерацијата W 223 пристигна на македонскиот пазар, неколку лимузини кусо беа изложени во салонот на Мак Аутостар. Впечатоците се спектакуларни, овој автомобил се доживува сосем поразлично од сé пред него што полагало право да се нарече најдобар автомобил во светот.

Еповите и сличните воспевања на тема Mercedes S-Class веќе одамна здодеаја. Овојпат едно приземно разгледување на понудата во S-Class, лимузината што кусо пред викендот се појави во салонот на увозникот Мак Аутостар. Како и досега, лимузината од генерацијата W223 е достапна во стандардна и продолжена каросериска изведба. Во поглед на моторите, на располагање стојат строго шестцилиндарски мотори во линија, бензински и дизели, со работна зафатнина од три литри. Таму каде што ознаките укажуваат дека би требало да работи V8 (во S 450 и S 500) во оваа одамна започната ера на електрификација, на шестцилиндарците им асистира електромотор со моќност од 16 kW (22 КС), во функција на благ хибриден погон. Менувачот во целата гама е 9-степен автоматик G-Tronic.

Понудата почнува со S 350 d, со моќност од 286 КС и 600 њутнметри, со спринт до темпо сто за 6,4 секунди. Тоа е воедно и единствената моделска изведба што се нуди во верзија само со заден погон. Во сите модели е стандард погон на сите тркала 4Matic. Моторот во S 400 d постигнува моќност од 330 КС и вртежен момент од 700 њутнметри. Бензинските S 450 и S 500 се изведени како благ хибрид, со стартер алтернатор, и постигнуваат моќност од 367 КС, односно 435 КС.

https://photos.app.goo.gl/gCv4ZBxSMccv9yey6

Секој S-Class излегува од фабрика со алу-тркала од најмалку 18 инчи, со светла Multibeam LED и со задни диодни светла, со автоматска заштита од заслепување на трите ретровизори и со проекција на логото на Mercedes покрај возилото при отклучување. S 500 дополнително располага со безбедносни стакла со топлинска, звучна и инфрацрвена заштита.

Серво затворање на вратите веќе е стандард во Mercedes S-Class, исто како и голема армада од системи за асистенција

Возачот добива дигитални инструменти од 12,3 инчи и средишен дисплеј од 12,8 инчи со OLED-техника. На тоа следат уште премиум навигација, термотроник, систем за олеснување на пристапот на возачот, меморискаи пакет со скенер за отпечатон на прст, греење на седиштата, напа кожа на воланот, украсно панели од природно дрво со отворени пори, штоф со врвен квалитет на таванот, безжично полнење на телефон, 4 приклучоци USB-C, комуникациски модул LTE за пристап до Mercedes me connect, озвучување со девет звучници, серво-затворање на вратите, систем за паркирање и камера за рикверц. Од „хардверот“ следат пневматска амортизација Airmatic, избор на програми Dynamic Select, камера за знаци и вистински изобилство од системи за асистенција.

https://photos.app.goo.gl/zWtfcH78KQ9oDxtCA

Стандардно за Mercedes, на располагање стојат пакети AMG Line за каросерија и за кабина, исто како и пакети Night и Exclusiv. Во понудата од дополнителна опрема се издвојува опцијата за задни седишта од прва класа, со којашто возилото буквално се претвора во канцеларија, од грејачи за кафе, до преклопливи масички по пример на прва класа во авион. Систем за јонизација на воздухот стои на располагање како опција, исто како и втор клима уред за назад или ладилник од десет литри.

За екстра безбедност може да се доплати за прочуените ремени со воздушна перница назад, иако целата армада од системи за асистенција се грижи за возењето да биде безбедно, со приспособлив темпомат, задржување во лента и предупредување при возило во мртов агол. Опција претставува и систем за ракување преку гестикулација.

https://photos.app.goo.gl/uga9wdpmYbtFhjTq9

Од врвната технологија на дело може да се обезбеди и проекциски дисплеј со унапредена реалност (Augmented Reality Head-Up-Display), кој на листата на опции во германскиот ценовник стои со 3.468 евра. Врвно озвучување од Burmester чини близу 8.000 евра, но затоа има 31 звучници, 1.350 вати и 4D-ефект.

Управување на задната оска, со којашто драстично се скусува кругот на вртење, но и се подобрува стабилноста во свијоци, чини околу 1.500 евра во ценовникот за Германија.

Во средината на следната година се проширува гамата со V8, со хибриди, а кон крајот на 2021 следи и електричниот знаменосец EQS

Уште многу работи треба да се случат во S-Class, почнувајќи од воведување мотори V8 и верзии со приклучен хибриден погон и досег на струја до 100 километри, до целосно електричен EQS кон крајот на следната година. Секако и од AMG се очекува да го каже својот збор.

https://photos.app.goo.gl/4bbYNYxJvbkm88eG9

https://photos.app.goo.gl/6DgvSwp7CxmnJusT8

https://photos.app.goo.gl/R1xYEcQF9EHsk5hq5

https://photos.app.goo.gl/rtBuXsLxwtvEWp2s5

https://photos.app.goo.gl/W1TiSt3o9aqzbeML6

https://photos.app.goo.gl/oB44ydvxX3n4zfLx9

https://photos.app.goo.gl/vevMVy29kppzGuoJA

https://photos.app.goo.gl/JdkeXL9G4hNaqYjy8

https://photos.app.goo.gl/WUPtpUWpFBMw2FrV8

>>> Со Славче Таневски за новиот Mercedes S-Class и за идните новини

Славче Таневски Mercedes

Претходна објаваMini Countryman со екстра изглед и во ограничена серија
Следна објаваСо Mini Countryman на пат по најдобрата новогодишна елка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here