Škoda Octavia е во својата четврта генерација, но со традицијата не застанува многу ниту изведбата Scout, којашто Чесите ја нудат третпат во гамата на својот бестселер. Бројни детали се разликуваат од стандардната комби изведба, меѓу другото има стилска заштита на каросеријата и неколку вредни ставки во кабината. Порше веќе го има моделот во понуда.
Една од традициите на Octavia Scout е да вози со врвните мотори под хаубата. Овојпат понудата се сведува на дволитарски TDI, во неколку варијанти на моќност. Врвната изведба користи седумстепен DSG и располага со моќност од точно 200 КС. Тоа е воедно и единствената изведба што моментно е достапна во Порше Македонија. На некои пазари се нудат 2.0 TDI со 115 или 150 КС, како и 1.5 и 2.0 TSI со 150 и 200 КС. Постојат и некои пазари, на кои Scout првпат е достапен во изведба само со преден погон. Во тој случај, напред работи 1.5 TSI, во комбинација со шестстепен мануелен менувач. Подваријанта е истиот тој мотор, но во изведба како благ хибрид, заедно со менувач DSG.
Највпечатлив надворешен детал се браниците, калниците и заштитата на арките на крилата. На тоа се надоврзуваат сребрени капи на ретровизорите и лајсни на прозорците. Станардните тркала за македонскиот пазар се 18-инчи, со дизајн Braga. Опција се тркала од 19 инчи, со дизајн Manaslu и доплата од 567 евра. За каросеријата стојат на располагање 12 бои, дизајнерите посебно ја издвојуваат титан-сината боја, којашто најмногу ја нагласува линијата на новиот модел.
https://photos.app.goo.gl/NBEwfLZ2y1TYFaPJ9
Посебност во внатрешноста се ергономските предни седишта обложени со ThermoFlux, што пропушта 4,5 пати повеќе воздух и пареа од обичните материјали. Практичноста е епска, сепак станува збор за комби-каросерија. Багажникот располага со зафатнина од 640 литри. Со моторот од 200 КС и со погон на сите тркала, 2.0 TDI Octavia може да влече приколка тешка до 2.000 килограми.
https://photos.app.goo.gl/Zb1fn1WgJitusEWBA
Цената на Škoda Octavia Scout 2.0 TDI со погон на сите тркала и менувач DSG за македонскиот апзар изнесува 36.990 евра. Стандардната опрема вклучува дигитални инструменти, навигација со дисплеј од 10 инчи, тризонска автоматска клима, камера за рикверц, пристап без клуч и други вредни ставки.
https://youtu.be/P4zwPIfy6ss
>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

















