Новата Toyota GT86 со големи изгледи да пристигне во Европа

Новата Toyota GT86 со големи изгледи да пристигне во Европа

Пред околу еден месец Subaru го претстави новиот BRZ. Компактното спортско купе со заден погон и боксер мотор ветува уште повеќе и од тоа што го нудеше претходно. Ветувањата се должат главно на зголемената моќност на моторот. Единствениот проблем е тоа што моделот нема да биде достапен на европскиот пазар.

Сепак има надежи. Има вести дека близнакот Toyota GT86 може да вози по европскиот асфалт во новата генерација. Продукт менаџерот на европскиот огранок на Toyota, Андреа Карлучи, во интервју најави дека „наскоро ќе има вести за тоа“.

До почетокот на продажбата на новата Toyota GT86 ќе мине уште извесно време. Според Карлучи, поради тоа Toyota со своите хибридни модели без проблем го исполнува строгиот лимит за СО2 на ЕУ од 95 грами на километар, има простор за спортскиот GT86 да се воведе во европската гама на јапонската марка.

Техничкиот концепт во основа е непроменет од претходната генерација, но и немаше што да се менува, затоа што со погон назад и боксер мотор со ниско тежиште, заедно со компактна каросерија и ниска тежина, веќе е направено сé што е потребно.

Сменети се предниот и задниот дел од возилото, исто и кабината. Големата новина е во моторот. Боксерот во иднина ќе испорачува 231 КС и 250 њутнметри, од работна зафатнина од 2,4 литри, без турбонатполнење, чисто атмосферски.

Премиерата е можно да се случи уште во декември, но до почетокот на испораката ќе мине уште некое време.

>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

Претходна објаваЕден милион вонбродски мотори на Suzuki произведени во Тајланд
Следна објаваKia Sorento во издание за авантуристи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here