Јапонија им дава уште 15 години на обичните автомобили

Toyota Mirai · Toyota ќе стартува со продажба на новиот водороден автомобил во декември

Јапонија ќе ја намалува штетноста од автомобилскиот сообраќај во земјата врз животната средина. Министерството за економија, трговија и индустрија си постави цел, до средината на 2030-те години, да не дозволи нови регистрации на автомобили што користат само обичен мотор со внатрешно согорување.

Целиот сообраќај по јапонските патишта ќе се префрли на погонски системи што се помалку штетни врз животната средина, како електричен или хибриден погон. Третата најголема национална економија во светот планира со јасно поставени цели да го преземе водството во светски рамки во поглед на исклучувањето на возилата со обичен мотор со внатрешно согорување.

Планот на јапонските власти е емисијата на стакленички гасови до 2050 година да се сведе на нула. Тоа го изјави новиот јапонски премиер Јошихиде Суга. Претходната влада имаше цел до половината на векот да ја намали емисијата за 80 проценти.

Според премиерот Суга, реакцијата против климатското загревање не претставува пречка за економскиот раст: „Мораме да ги промениме нашите ставови“. Активните мерки ќе донесат промени во индустриската структура и во економијата, придонесувајќи за силен економски развој.

>>> Јапонските производители повторно во раст

Претходна објаваBMW со шест трофеи во изборот на Auto Zeitung
Следна објаваOutlierman изработува паричници по примери од историски автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here