Audi ќе вози на Рели Дакар

Audi ќе вози на Рели Дакар

Маратонското рели е новата круна во настапот на Audi во мотоспортот. Електричен автомобил со високонапонска батерија и со 1.4 TFSI како генератор ќе вози за Audi на Рели Дакар во 2022 година.

Маркус Дисман ја почитува традицијата на марката што ја раководи. „Разновиден ангажман во мотоспортот е и ќе остане неразделен дел од стратегијата на Audi“, изјави шефот на марката и директор во техничкиот развој. Целта е слоганот „напредок преку техниката“ да се оправдува и во иднина, во врвните категории во мотоспортот. Исто како и во времето на Audi quattro и компанија, иновативните технологии од мотоспортот ќе се применуваат и во сериските автомобили.

Со овој чекор, Audi се враќа во рели-спортот, од кадешто и започна славната историја во мотоспортот, со Audi quattro во 1981 година. Постојаниот погон на сите тркала веќе одамна е стандард во светското рели.

Инголштат најавува посебен концепт на електричен погон, со батерија што во текот на возењето ќе се полни од 1.4 TFSI во улога на генератор. Искуствата стекнати од екстремните услови во мотоспортот, понатаму ќе се користат за подобрување на ефикасноста на електричниот погон и на батеријата.

Audi е прв производител што развива конкурентен прототип со алтернативен погон на Рели Дакар. Во 2012 година, Audi ја постигна првата победа со хибриден тркачки автомобил на 24 часа Леман. Трипати во низа, Audi R18 e-tron quattro остана несовладлив на автомобилскиот маратон. Audi е успешен и во електричната Формула Е од стартот во 2014 година, прво како подржувач на ABT Sportsline, а од 2017 година и со фабрички тим.

На електричниот СУВ e-Tron наскоро ќе му се придружи RS e-tron GT, како спортски знаменосец. Од 2025 година, четири од секој десет продадени автомобили на Audi ќе поседува чисто електричен погон или приклучен хибриден погон.

Учеството на Рели Дакар доаѓа во замена за ангажманот во Формула Е. Баварската марка по 2021 година повеќе нема да учествува со сопствен тим во електричната формула.

>>> Audi издаде книга за 40-годишнината на quattro

Audi издаде книга за 40-годишнината на quattro

Претходна објаваMercedes доби одликување за најиновативни камиони
Следна објаваSuzuki постигна рекордно октомвриско производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here