Mercedes доби одликување за најиновативни камиони

Mercedes доби одликување за најиновативни камиони

Жирито на изборот за Светски камион на годината одликуваше два целосно електрични камиони на Mercedes-Benz со престижната награда за иновативност. Експертите од браншата дополнително оддадоа признание и за долгорочната посветеност на концернот во унапредувањето на електромобилноста.

Најиновативните камиони за електричната иднина ја носат ѕвездата на Mercedes. Така оцени 25-членото жири на „International Truck of the Year“ (ItoY), коешто на два камиони на Mercedes-Benz им ја додели ценетата награда за „2021 Truck Innovation Award“. Станува збор за батериско-електричниот eActros и за концептот на камион со погон на водород GenH2 Truck.

Во дигитална форма, на Мартин Даум, претседател на огранокот Daimler Truck AG, му беше врачена награда за долгорочното залагање на концернот во унапредувањето на електромобилноста. Daimler Trucks во 2016 година прв претстави тежок електричен камион за градска дистрибуција. Две години подоцна следеше и светска премиера на усовршениот прототип на Mercedes-Benz eActros.

Датумите на почеток на сериското производство на електричните камиони на Mercedes се мошне блиску

Електричните камиони eActros веќе две години се тестираат во реални услови кај избрани и водечки компании во својата бранша. Прототипите во секојдневието без проблем минуваат над 200 километри со едно полнење. Во септември годинава, Daimler Trucks го престави концептот на камион со погон со горивни ќелии Mercedes-Benz GenH2 Truck, кој во сериската изведба ќе постигнува досег до 1.000 километри. Првите прототипи ќе им бидат испорачани на клиентите на тестирање во 2023 година, а стартот на сериското производство треба да следи во текот на втората половина од декадата.

mercedes eactros
Mercedes eActros

Daimler Trucks во септември ја објави и стратегијата со којашто ќе воведе електричен погон во сите свои возила, почнувајќи од камиони за локална дистрибуција до камиони за меѓународен транспорт. За таа цел е развиена посебна платформа што се води како ePowertrain и истата наиде на одлични оцени кај жирито.

Уште еден електричен модел има добиено конкретен датум, Mercedes-Benz eActros LongHaul. Стартот на сериското производство на овој модел се планира за 2024 година. Со полна батерија, електричниот eActros ќе посигнува досег до 500 километри.

Mercedes GenH2, Mercedes eActros

Водородниот“ GenH2 Truck е во категоријата со вкупна тежина до 40 тони и располага со носивост од 25 тони. Два резервоари со течен водород дозволуваат досег ист со камионите со дизел мотор. Секако, клучната разлика е во тоа што погонот со горивни ќелии не ослободува ниту грам штетни материи.

>>> Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

Претходна објаваFord Fiesta за новата рели-категорија почнува од 99.999 евра
Следна објаваAudi ќе вози на Рели Дакар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here