за

Ford Fiesta за новата рели-категорија почнува од 99.999 евра

Во погоните на M-Sport во Полска започна изработката на тркачката верзија на Fiesta за новата категорија Rally3.

Ford Fiesta Rally3

Ford M-Sport го претстави првиот тркачки автомобил за новата категорија Рели 3. Со моќност од 218 КС, погон на сите тркала и секвенцијален менувач, Ford Fiesta Rally3 им се придружува на останатите варијанти на база на Fiesta.

Полскиот огранок на M-Sport го претстави првиот натпреварувачки автомобил што е конструиран според правилата на новата категорија Rally3 на ФИА. Нивната Ford Fiesta Rally3 располага со моќност од 218 КС и вртежен момент од 400 њутнметри. Со погон на сите тркала и со тежина од 1.210 килограми, овој рели-болид ќе може да се натпреварува во регионални, национални и интернационални шампионати. Моторот е 1,5-литарски EcoBoost со три цилиндри, кој во основа е ист со моторот во Fiesta ST. Развојот е дело на полскиот огранок на M-Sport во полскиот Краков.

Со овој чекор, M-Sport Ford е прва компанија што нуди соодветен тркачки автомобил за сите пет категории на новата пирамида на ФИА за рели. Сите пет возила се базираат врз Ford Fiesta, почнувајќи од Rally5 до топ-категоријата Rally1. Во последниов случај, моторот на болидот за WRC располага со 380 КС.

Новата категорија Rally3 им нуди на амбициозните тркачи возило по релативно достапна цена. Според правилникот, соодносот меѓу моќноста и тежината не смее да биде под 5,6 килограми по коњска сила.

Секвенцијален менувач, приспособливи амортизери и погон на сите тркала

Ford Fiesta Rally3 располага со погон на сите тркала и со секвенцијален петстепен менувач. Спринтот до темпо сто трае пет секунди, крајната брзина е 185 km/h. Амортизерите се дотеруваат во три степени. На асфалт се користат тркала од 17 инчи, додека по земјен терен се преоѓа на тркала од 15 инчи.

На 1-ви март 2021 година се очекува Fiesta Rally3 прва да добие хомологација за Rally3 од ФИА. Нарачките веќе се почнати, цените почнуваат од 99.999 евра. Статуваше и производството во Краков, со цел навреме да се покрие големиот интерес за новата рели-категорија.

Ford Fiesta WRC во боите на славниот предок од 1995 година

Ford Fiesta WRC 2020
Ford Fiesta WRC 2020

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британската полиција секој ден добива по 35 снимки од возачи

Британската полиција секој ден добива по 35 снимки од возачи

Mercedes доби одликување за најиновативни камиони

Mercedes доби одликување за најиновативни камиони