Британската полиција секој ден добива по 35 снимки од возачи

Британската полиција секој ден добива по 35 снимки од возачи

Третина од пријавите завршиле со казни, со упатување на посебен курс или со опомена. Повеќе од 5.000 судски постапки се покренати како резултат од снимките од камерите во возилата на граѓаните.

Вградувањето камери во возилата се зголемило за 8,5 пати од 2017 година. Возачите ги користат како крунски доказ во случај на незгода. Возачите испратиле 54.174 снимки од камери од потенцијални сообраќајни прекршоци до британската полиција од 2017 година. Повеќе од една третина од снимките резултирала со судски постапки, со опомена или со упатување на посебен курс.

Нешто повеќе од 10% од снимените незгоди биле доволно сериозни за покренување судска постапка. Врз основа на други 9,6% од снимките била изречена мандатна казна, од 10,5% од снимките проследило упатување на курс, додека врз основа на 3,0% од снимките била изречена опомена.

Осигурителните компании признаваат снимка како доказ за остварување на право на надомест на штета од 2017 година. Оттогаш вградувањето на камерите е зголемено за 850 проценти. Судовите исто така ги признаваат овие снимки како доказ.

>>> Златни автомобили не ѝ се допаѓаат на полицијата во Диселдорф

Претходна објаваGreat Wall во октомври го зголемил извозот за 148 проценти
Следна објаваFord Fiesta за новата рели-категорија почнува од 99.999 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here