Два наслови на автомобил на годината за Škoda Octavia, премиерна победа за Enyaq iV, плус победи на Škoda Superb и Kamiq во своите категории.
Škoda постигна шест победи на 33-то издание на гласањето за „Auto Trophy“ што го организира германскиот автомобилски магазин „Auto Zeitung”. Седма година во низа, читалите го крунисаа чешкиот производител за најдобра увозна марка. Врз основа на гласовите од 18.800 читатели, новата Škoda Octaviа постигна двоен триумф, додека Škoda Enyaq iV, како дебитант победи во категоријата на најдобри увозни СУВ модели со погон на струја. Во своите категории победија и Škoda Superb и Kamiq.
Škoda е најпопуларна меѓу 40-те увозни марки според читателите на „Аuto Zeitung”, веќе седма година во низа. Чешката марка освои 13,4 проценти од гласовите.
Двојна победа за новата Škoda Octavia
Škoda Octavia освои два од вкупно 21 трофеј во изборот. Една петина од учесниците ја избра четвртата генерација на бестселерот на Škoda како најдобар увозен автомобил во компакт класата. Со шеста победа во низа и деветта победа вкупно, Octavia триумфираше во уште една категорија во изборот. Octavia RS iV во изведба со приклучен хибриден погон е најдобар спортски автомобил од увозна марка, во што биле сложни 20,4 проценти од читателите.

Најдобар можен старт за новата Škoda Enyaq iV при своето деби во изборот. Првиот самостоен електричен модел освои 20,8% од гласовите за најдобар електричен СУВ меѓу увозните автомобили. Чесите со овој модел го означија новиот почеток, точно за 125-годишнината од основањето на компанијата.
Компактниот СУВ-модел Škoda Kamiq го повтори ланскиот успех. Тој победи меѓу увозните СУВ до 25.000 евра, со 15% од гласовите. Škoda Superb буквално беше супериорна во својата категорија, каде што убеди дури 28,2% од публиката. Престижниот модел на чешката марка од лани првпат се нуди и во изведба со приклучен хибриден погон.
















