Македонската Toyota го најавува новиот СУВ-модел Highlander

Македонската Toyota го најавува новиот СУВ-модел Highlander

Најголемиот модел на Toyota со хибриден погон, Highlander, пристига на македонскиот пазар во почетокот од следната година. Тоа официјално го потврди увозникот. Станува збор за комплетно нов модел во европската понуда, кој неодамна стартуваше во својата нова генерација.

Пет метри Toyota, со хибриден погон, со 7 седишта и со 658 литри багажник. Highlander ја дополнува сликата за СУВ-понудата на Toyota и се поставува точно меѓу светскиот бестселер RAV4 и теренскиот класичар LandCruiser. Моделот е одлично одомаќен на големиот пазар во САД, а во новата генерација првпат ќе биде достапен и во Европа.

Платформата GA-K потекнува од Toyota Camry и Lexus ES, што значи дека вообичаено за марката се става нагласок на ефикасноста и практичноста, но сега се додава и факторот на поголемо уживање во возењето.

https://photos.app.goo.gl/w5H21dFws3sfiGuW8

Highlander ќе биде четврти модел во СУВ-понудата на Toyota, на врвна позиција по RAV4, C-HR и по Yaris Cross, кој исто така се очекува да пристигне на пазарот. Петметарскиот СУВ со впечатливо големи тркала од 20 инчи ќе биде достапен единствено со хибриден погон.

Зафатнината со соборени седишта е колку на половина џамбо-фургон

Просторноста е меѓу најсилните страни на големата Toyota. Вториот ред седишта лизга 180 милиметри по должина. Само тоа е доволен знак за просторноста што ја нуди кабината на „американскиот“ модел. Задниот поклопец се отвора се замавнување со стопало под браникот, по што се ослободува пристап до багажник со зафатнина од 658 литри, односно максимално 1.909 литри.

https://photos.app.goo.gl/gsbyjbqyReE3egjU8

Димензискиот раскош важи и за средишниот дисплеј од 12,3 инчи (31 сантиметри), кој воедно служи и за ракување со навигацијата и со пресликувањето на телефонот преку Apple CarPlay или Android Auto. Опремата вклучува уште безжично полнење телефон, вентилирани седишта и дигитален средишен ретровизор кој ги „брише“ потпирачите за глава.

Во поглед на погонот, Highlander исто како Camry & Co. ја користи четвртата генерација на хибридниот погон на Toyota, со 2,5-литарски бензинец и по еден електромотор напред и назад. Батеријата со никел-метал-хидридна технологија е сместена под вториот ред седишта.

https://photos.app.goo.gl/PXuf6BbPBVtwff7PA

Вкупната системска моќност изнесува 244 КС, емисијата според WLTP е 146 g/km, додека просечната потрошувачка, исто така според новата и реална норма, изнесува 6,6 литри на сто километри. Возачот може да избира меѓу четири режими: Eco, Normal, Sport и Trail. Дополнително, во секој од овие режими може да се вклучи и чисто електричен погон.

Toyota ветува исклучително тивка кабина, благодарение на акустичен ветробран и темелна изолација во покривот, во таблата и во подот, исто како и во поткрилата и во багажникот.

Следното подрачје во коешто Toyota наметнува конкурентска трка се системите за асистенција. Highlander стандардно располага со самостојно запирање при опасност од судир и распознавање пешаци и велосипедисти, дење и ноќе, потоа со приспособлив темпомат што чита и брзинско ограничување, со следење лента и задржување во лента, автоматско долго светло и камера за знаци.

https://photos.app.goo.gl/8KkSZmLGD3BXCsXd6

>>> Toyota RAV4 задржува 70% од вредноста по две години

Претходна објаваMAN TGX е најдобар камион во светот за 2021 година
Следна објаваSuzuki на италијанскиот пазар веќе под лимитот од 95g CO2

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here