Најдобрите автомобилски бркотници на филм според срцето

Филмот „Лудиот Макс: Пат на гневот“ од 2015 година, со Том Харди во главната улога во оваа легендарна филмска серија, предизвикува срцето на гледачите да отчукува најзабрзано. Така покажа една студија.

Највозбудливата сцена со бркотници со автомобили во историјата на филмот се доживува во „Лудиот Макс: Пат на гневот“ од 2015 година. Тоа го покажа студијата на британскиот портал за споредби Money.co.uk, во којашто се споредуваше отчукувањето на срцето на 100 гледачи доброволци. Бркотницата низ пустината во завршетокот на филмот предизвикува бројот на отчукувања на срцето во просек да се зголеми на 85 – тоа се 33 проценти повеќе отколку во просекот во мирување.

На второ место следи „Брзи и бесни 6“, чијшто сцени го забрзуваат пулсот на гледачите на 84 откучувања во минута во просек. Третото место е за продолжението „Бесни 7“. Во водечката десетка се најдоа и гангстерските филмови „Ronin и „Baby Driver на четвртото и петтото место. Списокот до го дополнуваат „The Fast & Furious, James Bond 007: Quantum of Solace“, The Bourne Supremacy, French Connection и Batman: Dark Knight.

Меѓу 20-те највозбудливи филмови не се најдоа класиците на оваа тема, „Bullit и „The Italian Job.

>>> Топ 10 Незаборавни автомобилски сцени на филмското платно

Претходна објаваИлон Маск го престигна Бил Гејтс
Следна објаваНајголеми пет грешки што му штетат на акумулаторот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here