за

Најголеми пет грешки што му штетат на акумулаторот

Следните пет грешки предизвикуваат брзо откажување на акумулаторот, особено откако ќе застуди.

Најголеми пет грешки што му штетат на акумулаторот

Како што температурите продолжуваат да се спуштаат, така сé повеќе акумулатори откажуваат. Вината за тоа обично е до самите возачи, кои со своето невнимание придонесуваат за прераната смрт на акумулаторот.

Кога возилото во зимско утро останува непланирано на паркиралиштето, причина за тоа најчесто е акумулаторот. Во студеното годишно време, акумулаторот е изложен на особено оптоварување. Неговиот капацитет слабее поради студот, а во исто време се вклучуваат силни потрошувачи, какви што се грејачите во седиштата или одмрзнувањето на задниот прозорец. Во такви услови е голема шансата за акумулаторот да откаже. Притоа и самите возачи придонесуваат со своите грешки за прераната смрт на акумулаторот.

Се вози само на куси релации

Голем е бројот на возчаи што не веруваат дека постојаното возење на кусо растојание е штетно за целиот автомобил. Но, токму акумулаторот притоа се изложува на најголемо напрегање. Тој мора да испорача огромна енергија, за моторот да стартува. Доколку постојано се вози само на куси релации, нема доволно време за алтернаторот повторно да го наполни акумулаторот. Долевање масло во огнот е кога притоа ќе се вклучат и потрошувачи, како радио или греење на седиштата. Само прашање на време е кога акумулаторот ќе откаже. Решение за тоа може да биде набавка на едноставен полнач, со когошто редовно се полни акумулаторот.

Се забораваат потрошувачите

Возачите порано ги чекаше непријатно изненадување, кога наутро ќе забелжеа само жмиркање од светлата што останале вклучени. Денешните автомобили автоматски ги исклучуваат светлата. Но, често се заборава на надворешните потрошувачи. Некои возачи на седиштето дополнително поставуваат облога со грејачи, што се напојува преку 12-волтниот приклучок. Истото важи и за камера во кабината, како и за уреди што отпосле се приклучени на амулулаторот. Овие уреди трошат струја и по гаснењето на моторот. Иако потрошувачката на струја на мала, при подолго време сепак може да се случи акумулаторот да се испразни. Затоа не треба да се заборава, овие уреди да се откачат од струјната мрежа при паркирањето.

Не се чисти куќиштето на акумулаторот

Доколку не се чисти куќиштето на акумулаторот, постои опасност дека тој со текот на времето ќе откаже. Во случај кога тоа е извалкано, преку влажниот слој нечистотија можат да протекуваат т.н. ползечки струи, што постојано го празнат акумулаторот. Затоа е многу важно, половите и приклучоците да бидат чисти. Повремено треба да се проверува дали акумулаторот е валкан и по потреба да се исчисти.

Возилото се остава да мирува подолго време без подготовка

Доколку возилото не се вози неколку недели, тоа му штети на акумулаторот. Иако потрошувачите се исклучени, со текот на времето се намалува напонот на акумулаторот и тој се празни. Затоа се препорачува, при подолго мирување на возилото да се приклучи посебен полнач што ја одржува наполнетоста на акумулаторот.

Не се почитуваат првите знаци пред откажувањето

Акумулаторот уште пред да откаже покажува знаци дека тоа може да се случи наскоро. Типични знаци се трепкање на светлата при стартувањето. При самото стартување исто така се препознава дека акумулаторот е пред крај, кога стартерот врти бавно. Проверката е едноставна. При вклучен контакт се вклучува собореното светло. Доколку тоа почне да слабее по кусо време, тогаш акумулаторот е во лоша состојба. Во тој случај се препорачува акумулаторот итно да се приклучи на полнач.

>>> Акумулаторот бара внимание додека возилата ни мируваат

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најдобрите автомобилски бркотници на филм според срцето

Škoda започна со сериско производство на електричниот Enyaq

Škoda започна со сериско производство на електричниот Enyaq