Porsche Taycan е новиот сопственик на Гинисов рекорд за најдолг дрифт со електричен автомобил. Рекордот беше поставен во центарот на спортската марка на тркачката патека Хокенхајмринг.
На кружна делница долга 200 метри, инженерот Денис Ретера извозе 210 кругови, без предните тркала барем еднаш да бидат насочени во ист правец со свијокот. Во тие 55 минути, техничарот на Porsche извозе 42,171 километри. Со ова маратонско растојание, Ретера обезбеди светски рекорд за најдолг континуиран дрифт со електричен автомобил. Просечната брзина изнесуваше 46 km/h. За рекордот се користеше изведбата со погон само на задната оска, што досега се нуди единствено на кинескиот пазар.
Ретера рапортира во инженерски манир: „Со исклучени програми за стабилност, многу лесно се изведува Powerslide со електричното Porsche. Во секое време има доволно моќност. Ниското тежиште и долгото меѓуоскино растојание обезбедуваат стабилност. Прецизното дотерување на подвозјето и управувањето дозволува сигурна контрола на лизгањето во секое време.“
Porsche Taycan има уште неколку рекорди во портфолиото: 24 часа во брзо темпо по високобрзинската тркачка патека Нардо, најдобро време во класа со 7:42 минути на Нирбургринт-Нордшлајфе и 26 пати спринт од место до 200 km/h на авио-пистата во Лар.
https://photos.app.goo.gl/e4eNrwwEM7kZvckPA
>>> За првиот техничар на Porsche досегот на струја не е најважен
















