Нека доаѓа слатко: Mercedes Sprinter носи сладолед до дома

Нека доаѓа слатко Mercedes Sprinter носи сладолед до дома

Сладоледот вози повторно. Британските сладоледари продолжија да работат добро во време на пандемијата, затоа што се преориентираа на достава на сладоледот до домовите. Работа има и за една каросериска работилница, која нарача уште 55 примероци од Mercedes Sprinter за преправка.

Компанијата Whitby Morrison е отворена во 1962 година и користи строго шасија од Mercedes-Benz. Бидејќи концертите, панаѓурите и фестивалите изостанаа годинава, продавачите на сладолед ја заживеаја старата традиција и се вратија на доставата на сладолед по населбите. исто

Бизнисот постојано бара уште возила, така што Whitby Morrison сега нарача дополнителни 55 шасии од Mercedes Sprinter. Преработките се вршат според врвни стандарди и секако дека за тоа е неопходно и возилото да располага со исти такви стандарди.

Британската компанија годишно изработува во просек по 75 нови возила. Sprinter, што ужива високо реноме во сегментот веќе 25 години, им служи како редовна основа за надградба на Whitby Morrison. Обично се користи варијантата од 3,5 тони. Возилата се извезуваат во повеќе од 60 држави, меѓу кои Австралија, па и неколку острови на Карибите.

https://photos.app.goo.gl/BaQeMAWZmBMspGmRA

>>> Mercedes Sprinter излегува од четири фабрики на три континенти

Претходна објаваPorsche Taycan со лизгање до светски рекорд
Следна објаваKia Sorento е најдобриот автомобил на годината за CarBuyer

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here