BMW освои четири награди на „sport auto Award“

BMW освои четири награди на „sport auto Award“

Победа во класа за BMW 330i, за BMW M340i xDrive, за BMW Z4 sDrive30i и за BMW M2 Competition, сите со титула за најспортски автомобил на годината, во изборот на специјалното издание на германскиот магазин auto motor und sport.

Две моделски изведби од серијата 3 на BMW, еден родстер и еден компактен спортски автомобил со високи перформанси од BMW M GmbH се најдоа на победничкиот список на изборот за „sport auto Award“ за 2020 година. Тие си обезбедија врвен пласман на последниот избор за „најспортски автомобили на годината“, со возачкото уживање што е типично за марката, со прецизните возни својства и со одличните перформанси.

Читателите на специјализираниот магазин „sport auto“ се решија за модели од марките BMW и BMW M во четири категории. Моделите од серијата 3 и BMW M2 Competition го потврдија успехот од лани. За родстерот BMW Z4, ова исто така не е прва „sport auto Award“.

Еден од секои три гласови бил за серијата 3 на BMW во класата до 50.000 евра

Откако стартуваше нивната продажба, ова е вторпат за BMW 330i и за комби изведбата BMW 330i Touring да победат во класата на „лимузини и комби модели до 50.000 евра. Моделите со дволитарски турбо со 190 КС освоиле 31,1 проценти од гласовите.

https://photos.app.goo.gl/r3yyHmQUAeLQCZj46

BMW M340i xDrive и комбито BMW M340i xDrive Touring исто така постигнуваат втора победа во низа во својата класа. Со удел од 28,5% во вкупниот број гласови, тие повторно се најдоа на врвот во изборот на „Лимузини и комби модели до 75.000 евра“. Комбинацијата од линиски шестцилиндарец до 374 КС и 48-волтна технологија на благ хибрид, 8-степен Steptronic и интелигентен погон на сите тркала, заедно со спортски подвозје и M спортски диференцијал, поставуваат високи стандарди во класата.

https://photos.app.goo.gl/4tpVd2a2PeW3Upp56

За победник во категоријата „Кабриолети и родстери до 50.000 евра“ е избран BMW Z4 sDrive30i, кој освои 29,0 проценти од гласовите. Отворениот двосед располага со четирицилиндарски турбо со 258 КС и преку 8-степен Steptronic ја пренесува моќта до задната оска. Лани во своите класи победија BMW Z4 M40i и BMW Z4 sDrive20i.

https://photos.app.goo.gl/ECSQVLkn3q8NZSbR8

Сигурно место на победничкиот пиедестал на „sport auto Awards“ има и BMW M2. Основниот модел во светот на моделите со високи перформанси на BMW M GmbH победи првпат веднаш по пазарниот старт. Ова е втора победа во низа за варијантата BMW M2 Competition. Компактниот спортист освои 30,4 проценти од гласовите во класата, со својот линиски шестцилиндарец со 411 КС.

Изборот се одржува 28-ми пат. Редакцијата на „sport auto“ им понуди на своите читатели да гласаат за 230 тековни модели. Во изборот учествуваа близу 13.000 читатели, кои ги избираа своите фаворити во 18 категории за сериски модели и уште 10 категории за тјунирани модели.

>>> BMW вложува 400 мио. € во фабрика за електрични возила во Минхен

BMW вложува 400 мио. € во фабрика за електрични возила во Минхен

Претходна објаваСтари батерии од Tesla работат во туристички брод во Шведска
Следна објаваToyota почна со продажба на штандови за дезинфекција со ножно активирање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here