Контразвук во замена за дебела звучна изолација во автомобилите

silentuum Контразвук во замена за дебела звучна изолација во автомобилите

На изолацијата на звукот се внимава многу во денешните автомобили. Добрата изолација тежи, а во исто време на конструкторите им е важно да заштедат секој грам тежина. Израелска фирма разви систем што преку звучниците испушта контразвук и го прави возењето потивко. Секако дека и потребата од дебела изолација отпаѓа.

Израелската фирма Silentium разви нов систем за поништување на звуците за автомобили, со којшто станува непотребна звучната изолација во возилата. Техниката во основа е иста како кај слушалките со функција на Noise-Canceling. Станува збор за контразвук, односно звук со иста фреквенција и амплитуда, но различна фаза од звукот што во моментот треба да се потисне. Двата звуци на тој начин се поништуваат и се постигнува целосна тишина.

Ефикасноста на системот во поништувањето на возните звуци, како на пример тркалањето на гумите или струењето на ветрот, според изумителите достигнува 90 проценти. Фреквентното подрачје се движи меѓу 20 херци и 1 килохерц.

Контразвукот се испушта преку звучниците во кабината

Во развојот на системот се вложени неколку години. Предизвиците се поголеми отколку при развојот на слушалките со истата техника, затоа што кабината на возилата е многу поголем и покомплициран простор, за примена на принципите на Noise-Canceling.

За звуците да се стишат се користат до шест сензори за забрзување на одредени места во подвозјето на автомбоилот. Тие ги мерат несаканите звуци и ја пренесуваат нивната фреквенција до контролната единица. Таа преку звучниците во кабината на возилото испушта соодветен контразвук.

На тој начин звукот станува нечуен за човечкото уво и кабината е потивка. Секако дека потивкото возење е попријатно, а според израелските иноватори, тивката средина го одложува и заморот при патувањето.

>>> Одликувани најиновативните автомобилски марки и системи

Претходна објаваMaggiore 308M · Легендарен Ferrari со дух од денешницата
Следна објаваŠkoda ја освои наградата Companybest за 2020 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here