Ford за сонувачи и преработувачи

Ford Ranger Chassis за сонувачи и преработувачи

Ford првпат го нуди Ranger во изведба на гола шасија. Овој вид возила е интересен за најразновидни примени, почнувајќи од градежништвото, преку војската, до можноста да се направи надградба во домашната гаража.

Изведбата на Ford Ranger со „гола шасија“ може да се надградува лесно и нуди широк дијапазон на можности. Ford цени дека најпродаваниот пикап во Европа во новата варијанта, со погон на сите тркала, носивост до 1 тон и со моќен дволитарски дизел, ќе привлече интерес меѓу градежните компании, работилниците за изработка на амбулантни возила, во полициските служби и сл.

Ford ја става на располагање и сопствената мрежа од над 160 овластени каросериски работилници (QVM), кои се достапни во 13 држави и нудат најразлични можности за надградба по нарачка. Ranger е најпродаван пикап во Европа во низа уште од 2015 година.

Платформата располага со зајакнати листести пружини назад и со рамна подлога за надградба, при што единственото ограничување е највисока дозволена тежина на возило од 3.270 килограми.

https://photos.app.goo.gl/aZcTK9Sbje3jN2tn7

Кабината е единечна, со цел да се постигне повеќе слободен простор за надградба назад. Нејзината должина може да достигне 2.518 милиметри. Растојанието од подлогата е 237 милиметри, додека вода може да се совладува до длабочина од 80 сантиметри. Уште еден вреден талент на Ranger chassis cab е можноста за влечење приколка до 3,5 тони.

Моторот е дволитарски дизел EcoBlue со 170 КС и 420 Nm, во комбинација со шестстепен мануелен менувач. Приклучувањето на погонот на предната оска е преку копче, на располагање стои и теренска редукција за екстремни услови. Може да се нарача и изведба со ограничена блокада на задниот диференцијал.

Ford ќе прима нарачки за Ranger chassis cab од јануари 2021 година.

>>> Специјалист го претвора Ford Ranger Raptor буквално во ѕвер

Специјалист го претвора Ford Ranger Raptor буквално во ѕвер

Претходна објаваДали автомобилите во Македонија навистина се поскапи од соседството?
Следна објаваMercedes-AMG GT Black Series рекордер на Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here