Ford го прошири значително семејството моделски изведби Active, излегувајќи во пресрет на зголемената побарувачка за возила за активности во природа и за луѓе со посебен животен стил. EcoSport е следниот модел на Ford во серијата Active, со нагласени теренски својства.
Ford денес ја претстави новата изведба на Ford EcoSport со додаток Active. Моделот има неколку промени во надворешноста и во кабината, заедно со зголемено растојание од подлогата и комплетна заштита на подвозјето, за теренските излети да може да досегаат уште подалеку.
СУВ-моделот што става нагласок на теренската цврстина, наспроти Ford Puma, што повеќе се ориентира на стилот, купувачите го ценат најмногу по впечатливиот изглед, практичната кабина и приспособливоста.
Ford ја поедноставува структурата на нивоата на опременост
Моделите на Ford ќе бидат достапни во три основни серии. ST-Line е наменета за купувачите што сакаат спортски стил по пример на Ford Performance, Titanium е за возачките и возачите кои посебно ги ценат луксузот и комфорот, како и Active за клиенти што бараат возило за сите пригоди и со уживање се впуштаат во теренски авантури. Во одредени моделски серии, како Fiesta и Focus, дополнително ќе се нудат и моделски изведби со уште повисока спецификација, X и Vignale.
>>> Тест: Ford EcoSport 1.5 EcoBlue Titanium AWD
https://photos.app.goo.gl/yzLe2cU6qnXu1pd38
Стратезите на марката подготвија и поголема понуда од пакети на опрема, во коишто се вклучени најчести ставки од дополнителната опрема, за различни вкусови и потреби. Предноста на овие пакети е во тоа што вкупната цена на пакетот е пониска отколку при одделно нарачување на опремата што влегува во составот на пакетот. Понудата од одделни ставки останува и натаму.
https://photos.app.goo.gl/ypD1pW2FAx9oM4G96
>>> Ford Puma е автомобил на 2020 година според What Car

















