за

Ford Puma е автомобил на 2020 година според What Car

Ford Puma е автомобил на 2020 година според What Car
Ford Puma е автомобил на 2020 година според What Car

Новата генерација на Ford Puma ја освои највисоката награда во изборот на британскиот What Car за 2020 година. Се гласаше во 26 категории, најтрофејни меѓу марките се Audi, BMW и Skoda. Годинава беа додадени три нови категории, меѓу нив и две за електрични автомобили.

Британскиот магазин What Car? ја прогласи новата Ford Puma за автомобил на 2020 година, на 43-то издание на изборот што ужива највисоко реноме меѓу публиката и меѓу производителите на автомобили.

По 20 години откако последен пат се користеше моделското име во понудата на Ford, новата Puma ја освои највисоката награда во категоријата на малечки СУВ-модели, натпреварувајќи се против Audi Q2 и Skoda Kamiq.

Во борбата за титулата, меѓу другите учествуваа и Skoda Scala, Range Rover Evoque и Tesla Model 3, како пример за разновидноста на автомобилите што беа лансирани во последните 12 месеци.

Жирито посебни ги цени возачкото уживање во Puma, интелигентниот концепт и добрата цена. Покрај тоа, тестирањето на потрошувачката на гориво во реални услови покажа дека моделот е исклучително штедлив, благодарение на погонската технологија со благ хибрид.

Ford шести пат ја освојува највисоката награда во изборот за автомобил на годината на What Car. Последен пат тоа се случило уште во 2009 година, со победата на Ford Fiesta.

Три нови категории беа воведени во изборот за 2020, во чекор со растечката продажба на електричните возила: Малечки и големи електрични автомобили, како и купе-СУВ. Победата во овие категории им припадна на Renault Zoe, Tesla Model 3 и Range Rover Velar.

Најмногу победи постигна BMW, со титулата на најдобар автомобил во бизнис класата за серијата 3, како и најдобар плагин-хибрид и најбезбеден модел, додека поголемата серија 5 победи меѓу луксузните автомобили.

Audi и Skoda исто така освоија повеќе награди, со титулата на најдобар семеен автомобил за Skoda Scala и најдобар комби за Skoda Superb. Audi победи како најдобар луксузен СУВ со Q7, најдобро купе беше TT.

Победници во изборот на What Car за автомобил на 2020 година

Автомобил на 2020 година · Ford Puma

Најдобар автомобил со високи перформанси · Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio

Најдобар спортски автомобил · Alpine A110 Pure

Најдобар луксузен СУВ · Audi Q7

Најдобро купе · Audi TT

Најдобар плагин-хибрид · BMW серија 3

Најдобар автомобил во бизнис класата · BMW серија 3

Најдобар луксузен автомобил · BMW серија 5

Најдобар повеќенаменски ван · Citroën Berlingo

Најдобар малечок СУВ · Ford Puma

Најдобра спортска комбилимузина · Honda Civic Type R GT

Најдобра противвредност · Kia Picanto

Најдобар семеен СУВ · Range Rover Evoque

Најдобар купе-СУВ · Range Rover Velar

Најдобар кабриолет · Mercedes Benz S-Class

Најдобар голем СУВ · Peugeot 5008

Најдобар спортски СУВ · Porsche Macan S

Најдобар малечок електричен автомобил · Renault Zoe

Најдобар семеен автомобил · Skoda Scala

Најдобро комби · Skoda Superb

Најдобар голем електричен автомобил · Tesla Model 3

Најдобар хибрид · Toyota Corolla

Најдобар малечок автомобил · Volkswagen Polo

Најдобар пикап · Volkswagen Amarok

Најбезбеден автомобил · BMW серија 3

Најмногуи гласови од читатели · Land Rover Defender

Награда за издржливост · Lexus

Награда за технологија · Subaru

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку се продаваат електричните модели на „непознатиот“ Nio?

Колку се продаваат електричните модели на „непознатиот“ Nio?

Mercedes B-Class со највисоки оцени на тестовите на ADAC

Mercedes B-Class со највисоки оцени на тестовите на ADAC