за

Mercedes B-Class со највисоки оцени на тестовите на ADAC

Mercedes B-Class со највисоки оцени на тестовите на ADAC
Mercedes B-Class со највисоки оцени на тестовите на ADAC

Ванот во моделското семејство на Mercedes A-Class освоил највисоки оцени на тестовите на клубот ADAC лани. B-Class најмногу се издвоил од просекот од вкупно 122 тестирани модели во седумте категории што се оценуваат.

При оценувањето на каросеријата, кабината, комфорот, мотор и возните својства, исто како и безбедноста и грижата за животната средина, за коишто се добиваат двојно повеќе бодови, експертите на клубот ADAC не утврдиле пропусти или недостатоци кај Mercedes B-Class при ланското тестирање. Тоа е автомобилот што освои најмногу бодови и со тоа заслужи највисока оцена од сите 122 автомобили што ги минале строгите тестирања кај најголемиот европски автоклуб.

По Mercedes B-Class следат најразлични возила, меѓу нив лимузината од средната класа BMW 320d, големиот СУВ-модел Mercedes GLE, но и првиот електричен автомобил на Audi, e-tron quattro. Сите овие модели добиле оцена 2,0 на тестот на ADAC. Тоа очигледно се модели од поскапите сегменти, но за висока оцена се изборија и подостапни модели, како VW Golf TGI (на метан), Opel Insignia Sports Tourer (со оцена 2,1), Ford Focus Turnier, Skoda Scala и Toyota Corolla (со оцена 2,2).

New item by Automedia MK / Google Photos

Во поглед на противредноста, победата му припадна на VW Polo TGI со погон на метан и со оцена 1,8. Второто место им припадна на Skoda Fabia TSI и VW Golf TGI Blue Motion (метан). Станува збор за возила што постигнуваат најдобар сооднос меѓу техничките квалитети и трошоците, вклучувајќи ја цената на возилото и одржувањето. Сосем е јасно дека победата во оваа категорија им припаѓа на помалите возила, чиишто трошоци за одржување се пониски. Но, експертите на клубот немаат забелешки ниту за техничките својства на овие модели.

New item by Automedia MK / Google Photos

Високата цена не мора веднаш да го исклучи возилото од конкуренција. BMW i3, на пример, со цена од 38.000 евра во Германија, исто како и Tesla Model 3, со цена од 45.770 евра на тамошниот пазар, освоиле оцени 2,2, односно 2,3, со што пак се над просекот. Заслугата за тоа, покрај напредниот електричен погон, се ниските оперативни и сервисни трошоци, како и помалиот обем за редовно одржување на овие возила со погон на струја.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Puma е автомобил на 2020 година според What Car

Ford Puma е автомобил на 2020 година според What Car

volkswagen id3 vozenje

Студија предвидува: Електричните пред обичните во 2030 година