за

СУВ-бумот му донесе милијарди заработка на General Motors

Американскиот концерн General Motors во третиот квартал заработи неколку милијарди долари. Одличниот резултат се должи на домашниот пазар.

СУВ-бумот му донесе милијарди заработка на General Motors

Најголемиот американски производител на автомобили General Motors закрепнува од корона-шокот побрзо од очекувањата, благодарение на големиот раст во продажбата на СУВ и пикапи.

Заработката на General Motors во третиот квартал е речиси сензационална во актуелните услови. Во споредба со лани, заработката во третиот квартал е за 74 проценти повисока и изнесува 4,0 милијарди долари, односно околу 3,4 милијарди евра.

Прометот е зголемен незначително и достигнал 35,5 милијарди долари (30,4 млрд. евра). Во вториот квартал од годинава, концернот се соочуваше со големи проблеми во продажбата и со прекин во производството поради пандемијата, што донесе големи загуби.

Продажбата во САД и во Кина се враќа побрзо отколку што очекуваа многумина. General Motors профитираше благодарение на големата побарувачка, особено за пикапи и СУВ-модели. Речиси целата заработка е постигната на домашниот пазар. Исклучително ниските камати придонесоа да зајакне и кредитирањето на нови возила. Реагираше и берзата, па вредноста на акциите порасна за околу шест проценти.

>>> Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford EcoSport доби изведба Active

Ford EcoSport доби изведба Active

ionity мрежа брзи полначи

Kia и Hyundai се новите членови во европската мрежа брзи полначи