Овој автомобил е рекордер во спринт

aspark owl · Овој автомобил е рекордер во спринт

Јапонската инженерска компанија Aspark го произведува најстартниот автомобил во светот, Aspark Owl.

Рекордното време од 1,72 секунда за забрзување од место до 60 милји на час, односно 96 километри на час, Aspark Оwl го поставил на тркачката патека во Мизано, Италија. Според производителот, првите примероци од автомобилот наскоро ќе им бидат испорачани на сопствениците. Електричниот хиперспортски автомобил ќе се изработи во 50 примероци.

Јапонската компанија наведува податок за моќност од 1.480 киловати, односно 2.012 КС. Крајната брзина изнесува околу 400 километри на час.

За стандардниот спринт до 100 km/h се потребни помалку од две секунди. За автомобилот да забрза од место до 300 километри на час, доволни се единаесет секунди. Aspark Owl (англиски збор за ут) се изработува во Торино и чини 2,9 милиони евра.

>>> Aspark Owl со 2012 КС ќе забрзува под две секунди до темпо 100

 

Претходна објаваКаква е Kia Stonic по супертестот од 100.000 km на Ауто Билд?
Следна објаваЗлатен волан 2020 за дванаесет автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here