Kia Sorento од следната година ќе вози како приклучен хибрид

Kia Sorento од следната година ќе вози како приклучен хибрид

По актуелниот старт на продажбата на изведбата со класичен хибриден погон и на дизелот, Kia во почетокот на следната година на главните европски пазари ќе го понуди својот СУВ-знаменосец Sorento во изведба со приклучен хибриден погон.

Во почетокот на следната година пристига третата погонска варијанта во гамата на новиот СУВ-знаменосец на Kia, на престижниот Sorento. Класичниот хибрид и дизелот веќе стартуваа со испораки, напролет следи и верзијата на Kia Sorento со приклучен хибриден погон.

Погонската спрега ја сочинуваат 1,6-литарски турбо-бензинец, познат од Kia ProCeed GT, во конбинација со електромотор со 70 киловати (95 КС). Тоа дава системска моќност од 265 КС, погонот стандардно е на сите тркала.

Батеријата со капацитет од 13,8 киловатчасови е компактна и вешто е сместена, така што се одзема само малку од просторноста на багажникот. За верзијата со пет седишта, Kia наведува зафатнина на багажникот од 898 литри со соборена задна клупа, мерено до долниот раб на прозорците. Во верзијата со три реда седишта и место за седум патници, назад остануваат уште 175 литри.

Kia Sorento

>>> Kia вградува 17 системи за асистенција во новиот Sorento

Претходна објаваVolkswagen ја пребродува корона-кризата, продолжува со оптимизам
Следна објаваФабриката на Suzuki во Индија за три години до милион

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here