Од неделата, во Амстердам повеќе не смеат да пристапуваат автомобили со дизел мотор со слаб квалитет на издувните гасови. Голема површина на градот е прогласена за зона на заштитена животна средина.
Строгите норми за заштита на животната средина не се новина во Амстердам. Во светската метропола долго време постои зона на заштитена животна средина. Од неделата, оваа зона е проширена значително.
На целата територија во рамките на обиколницата А10, повеќе не смее да се пристапува со возило со дизел мотор што задоволува норма послаба од Euro 4. Тоа значи дека забраната важи за сите автомобили со дизел мотор што се произведени пред 2005 година.
Зоната постеше и досега, но во драстично помал обем. Заштитената зона сега се протега сé до автопатот А10. Амстердам уште претходно го забрани пристапот во еколошки заштитената зона за лесни и средни товарни возила. Забраната отсега важи и за патничките автомобили со слаб квалитет на издувни гасови.

Поради специфичната ситуација околу пандемијата, засега не се изречуваат строги санкции, но властите најавија дека возачите од март следната година ќе плаќаат високи казни, доколу пристапат со дизел возило со недозволено висока емисија на штетни материи.
Градот воведува зона со ниска емисија поради тоа што сообраќајот е еден од најголемите причинители на загадувањето во Амстердам. Од сообраќајот потекнуваат азотниот диоксид и неразградливите честички, исто како и стакленичките гасови, на пример СО2. Во исто време важат субвенции за поттикнување на сообраќајот со нулта емисија, а се вложува и во мрежа од брзи полначи.
>>> Како Македонија од 186.000 тони дизел почна да троши 535.000 тони дизел годишно
















