Освежувањето на понудата од СУВ-модели ги покажа првите ефекти во продажбата на Kia. Марката очекува продажбата да продолжи да расте до крајот на годинава. Извозот се зголемил за 7 проценти и достигна 217.705 возила.
Местото на најпродаван модел и натаму ѝ припаѓа на Kia Sportage. Во октомври, од компактниот СУВ се продадени 35.811 примероци на светскиот пазар. Втор најпродаван модел е Seltos, со 30.822 примероци, по него следи лимузината K3 со 25.533 примероци.
Корејскиот пазар во минатиот месец се зголемил за марката Kia за 1,8 процент, со вкупно 48.009 продадени воизла. За овој резултат на домашниот пазар најмногу имаат заслуга одличната стартна продажба на миниванот Carnival, како и СУВ-моделите Sorento и Seltos.
Последниве два модели придонеле и продажбата на извозните пазари да се зголеми за 7 проценти, на вкупно 217.705 возила. Триото најпродавани модели за извоз го заокружува лимузината K3.
Компанијата очекува одличните продажни резултати да продолжат и во следните месеци. Овој оптимизам се темели на проширената понуда од СУВ-модели, особено на Sonet, кој стартуваше со продажба на растечкиот индиски пазар во август. Голем поттик се очекува и од претстојниот старт на продажбата на бензинската изведба на престижниот СУВ-модел Sorento.
Вкупно за десет месеци во 2020 година, Kia продала 2.129.851 возила на светскиот пазар. Тоа е за 7,2 проценти под резултатот за истиот период лани и се должи на корона-кризата, но е неспоредливо поблаго намалување во споредба со неколку големи европски производители, чијашто продажба годинава е намалена за една третина.
>>> Ги познавате воените возила на Kia?

















