за

Ги познавате воените возила на Kia?

Корпорацијата Kia забрзано развива нова генерација воени возила што ќе користат заедничка платформа и заеднички технологии.

kia воени возила

Kia денес ги објави плановите за развој на нова стандардна платформа за следната генерација воени возила, заради зајакнување на позициите на компанијата во идните воени проекти.

Уште во текот на годинава, Kia ќе започне со изработка на прототипи за стандардни возила со средна големина. Тестирањата од страна на корејските власти би следеле веќе в година. Целта на компанијата е да се активира во производство на воени возила до 2024 година.

Проектот е резултат од заедничкиот развој меѓу корејската војска и Kia. Масивната програма предвидува замена на стандардните воени возила од 2,5 и 5 тони што моментнос е користат. Се планира и развој на нови оклопни возила од пет тони.

Стандардните возила ќе користат 7,0-литарски дизел мотор и автоматски менувачи, ABS и контрола на тракција, системи за асистенција при паркирање наназад, камери за просторот околу целото возило, стателитска навигација и грејачи во седиштата.

Модуларната конструкција ќе овозможи развој на натамошни изведби, како возила опремени со најразличен арсенал од оружје и други специјално наменети возила и технологии.

Преку развојот на воени теренски возила, Kia ќе го зајакнува имиџот на своите СУВ-модели

Новата генерација на теренското возило што е слично на Hummer веќе постои како прототип и се планира да биде понудено в година. Освен за војската, ова возило за сите терени ќе може да се користи и во индустријата, но и во рекреативни цели. Основата потекнува од Kia Hohave.

New item by Automedia MK / Google Photos

Бројни технологии од цивилната сфера на Kia ќе може да се користат и во воените возила, на пример, технологијата за автономно возење. Користа од овие возила ќе биде самостојно снабдување, односно комплетна логистика, без потреба од човечки ангажман. Се планира и развој на погон на водород, како и генератори за струја. Војската гледа голема корист од примената на водородот.

Kia до денес има изработено девет основни типови и 100 деривати, а вкупно има произведено 140.000 воени возила.

>>> Kia со историски рекорд на европскиот пазар во третиот квартал

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia постави дизајнер посебно за електричните возила

Kia постави дизајнер посебно за електричните возила

2020 - New Renault MEGANE SEDAN

Лимузинската верзијa на Renault Megane доби моделско освежување