Ford во периодот од јули до крајот на септември испорачал речиси 300.000 возила на своите 20 најголеми пазари во Европа, вклучувајќи и доставни возила. Кризата не влијаеше врз уделот на марката, кој останува на високи 6 проценти. Одлични резултати постигнува Puma.
Во третото тромесечје од најтешката година за индустријата, Ford продал 299.632 патнички и доставни возила на 20-те најголеми пазари во Европа. Двата ограноци заедно учествуваат со 7,6 проценти во пазарот.
Добредојден е растот во продажбата на доставни возила, каде што Ford и во третиот квартал останува европски лидер. Transit & Co успеале да го зголемат своето учество на 15% и постигнале вкупно 94.565 продажби – со тоа е надминат рекордот од 1993 година. Во споредба со истиот квартал лани, резултатот за 2020 година е 3,8% во плус. Според производителот, овој тренд се должи на растечката побарувачка на возила во домашната достава на производи.
Ford Transit, Transit Custom и Tourneo Custom во третиот квартал постигнале 64.651 продажби, што исто така е рекорд во споредба со 1993 година и претставува раст од 10,3%
Кај патничките возила, резултатот за последниот квартал носи 205.067 продадени автомобили што е намалување за 7,5 проценти во споредба со лани. Во услови на корона, продажбата на Ford бележи помал пад во споредба со конкурентите.
Продажбата на СУВ-моделите пораснала за една третина и достигнала 92.685 примероци. Голема заслуга за овој резултат има новиот компактен СУВ-модел на база на Fiesta. Новата Puma се продача во дури 42.362 примероци меѓу јули и септември. Уште еден добар тренд кај Puma е тоа што три од четири продадени модели возат со благ хибриден погон mHEV.
Продажба по модели на Ford до септември 2020
(на 20-те најголеми традиционални пазари на Ford)
Модел |
Септември 2020 |
Јан-септ. 2020 |
|
Fiesta |
46494 |
116528 |
|
Focus |
46237 |
128829 |
|
Puma |
42362 |
78569 |
|
Kuga |
35470 |
55535 |
|
Transit Custom |
32565 |
80692 |
|
Transit |
24983 |
63186 |
|
EcoSport |
13064 |
41224 |
|
Ranger |
12802 |
30848 |
|
Transit Connect |
10931 |
27975 |
|
Tourneo Custom |
7101 |
17754 |
|
Mondeo |
5660 |
15847 |
|
Transit Courier |
4485 |
10925 |
|
S-MAX |
4214 |
9963 |
|
Tourneo Connect |
3030 |
7310 |
|
Galaxy |
2628 |
5896 |
|
Mustang |
2212 |
5551 |
|
Tourneo Courier |
1874 |
4670 |
|
Explorer |
1064 |
1531 |
|
Edge |
725 |
2487 |
|
C-MAX |
21 |
115 |
|
Ka+ |
12 |
66 |
|
Останати |
1698 |
4047 |
ВКУПНО |
299632 |
709548 |
>>> Трета генерација на Ford Kuga во салонот на Ми-Да Гранд Моторс

















