Ford Mondeo отсега е или хибрид или дизел

ford mondeo hybrid

Дволитарскиот бензинец со стандардната техника Ti-VCT на Ford работи во комбинација со електромотор со 52 КС, од тоа произлегува системска моќност од 187 КС.

Ford наведува просечна потрошувачка меѓу 4,1 и 4,5 литри, зависно од опремата и од димензите на гумите. Хибридниот погон е достапен само кај класичната лимузина и кај комбито, но не и кај изведбата со пет врати.

За последнава каросериска изведба, купувачите ќе имаат на располагање само дизел, во три варијанти на моќност. Лимузината ќе биде достапна само со хибриден погон, додека кај комбито Turnier ќе може да се избира меѓу сите три погонски варијанти.

Само во првите седум месеци, уделот на хибридните модели во продажбата на Ford Mondeo се зголемил за една четвртина во споредба со цела 2019 година. Во европски рамки, еден од секои три продадени промероци од Mondeo вози со електрифицирана погонска спрега. Во Италија, како традиционално голем пазар на марката, уделот на моделските изведби со електромотор во погонската спрега изнесува дури 75 проценти.

>>> Трета генерација на Ford Kuga во салонот на Ми-Да Гранд Моторс

Трета генерација на Ford Kuga во салонот на Ми-Да Гранд Моторс

Претходна објаваKia во третиот квартал продала 700.000 возила
Следна објаваMAN испорачува готови комбиња за ковид-тестови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here