Kia во третиот квартал продала 700.000 возила

Kia Niro најпродаван модел во Холандија во август

Светската продажба на Kia во третото тромесечје е само 0,4% под резултатот од истиот период лани. Тоа потврдува дека Kia е меѓу марките што претрпеа најмалку штета од корона-кризата.

Корпорацијата Kia Motors ги објави деловните резултати за третиот квартал во предизвикувачката година. Прометот пораснал за 8,2% во споредба со третиот квартал лани, на вкупно 16,32 трилиони корејски вони, односно околу 12,2 милијарди евра.

Во периодот од јули до септември, Kia продаде низ светот 699.402 возила, што е незначително под 702.258 возила лани. Извозот се намалил за само 1,3 процент, на 562.678 возила. Враќањето на нормалната динамика на продажба е резултат од разлабавувањето на заштитните мерки од корона. На домашниот пазар, продажбата напредувала за 3,2 проценти, на вкупно 136.724 возила. Овој позитивен резултат се должи на неодамна лансираниот миниван Carnival, како и на престижниот СУВ-модел Sorento и лимузината K5, кај нас претходно позната како Optima.

За првите девет месеци од 2020 година, глобалната продажба на Kia достигнала вкупно 1.864.137 примероци, што е 10,3 проценти зад ланскиот резултат. Прометот, пак, се зголемил за 9,5 проценти и изнесува 42,26 трилиони корејски вони.

Во отежнати услови, Kia ќе продолжи да го следи својата стратегија „Plan S“, во којашто ќе бидат претставени 11 чисто електрични возила. Оперативната заработка се планира да достигне 6 проценти до 2025 година.

>>> Новиот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia

Претходна објаваLexus продал еден милион возила во Европа
Следна објаваFord Mondeo отсега е или хибрид или дизел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here