BMW M4 Competition во специјална серија во соработка со Kith

BMW M4 Competition x Kith

BMW од пред неколку недели има нов M4 и не пропушта можност да покаже колку се гордее на својот модел. Специјална серија од BMW M4 Competition Coupé ќе се изработи во соработка со познатата лајфстајл-марка Kith од Њујорк. Изведбата со додавка х Kith во името ќе се изработи во 150 примероци, со единствени дизајнерски детали на каросеријата и во внатрешноста.

Спортскиот огранок BMW M GmbH на овој начин ѝ се приближува на младата и влијателна модна сцена. Претходно беше реализирана слична соработка со уметниците на Futura 2000. Основачот и ентузијаст на баварската марка, Рони Фиг, во рамките на оваа соработка, во сите свои продавници ќе нуди и 96-делна колекција од ексклузивно дизајнирана облека и додатоци со знакот на BMW.

Американецот од неодамна и самиот поседува E30 M3. Автомобилот во беспрекорна состојба беше изложен во попап-продавницата на Kith на Бруклин, заедно со уникатен BMW M4 од шестата генерација. Претставен како дизајнерска студија со потпис на Kith при промовирањето на соработката во Њујорк, новиот M4 е лакиран во цинобер-црвена боја, исто како првиот M3.

Меѓу најубавите спомени од детството ми беа посетите на мојот дедо и разгледувањето на неговите BMW во 1980-те години. Се сеќавам дека тој имаше E21 320i, а највреден примерок му беше E30 M3. Овие животни моменти оставија силен печат врз мојата страст за BMW, така што преку соработката на овој проект се затвора кругот

Рони Фиг, основач на Kith

https://photos.app.goo.gl/8CFgek4S1ntzXrSt8

Разлика во споредба со стандардниот е тоа што логото M4 Competition на задниот поклопец е заменето со лого на Kith, со трите ленти на BMW M. Осветлена верзија на логото се наоѓа и на тркачките седишта M со карбонска школка. Логото на њујоршката марка е втиснато и во потпирачите за глава и во средишната конзола.

https://photos.app.goo.gl/9hHwbotUpa7Lbt359

Кожата избрана посебно за уникатниот M4 е користена и за личниот E30 M3 на Фигс. На неговото возило се користат и различни логоа од тие на M4 Competition x Kith. На хаубата, на задниот поклопец и на воланот се наоѓа специјална верзија од тогашното лого на BMW, на коешто буквите на германската марка се заменети со Kith.

BMW првпат дозволи своето лого да биде модифицирано со елементи на друга марка

Овој вид на соединување на две различни логоа во едно се заштитен знак на соработките што Kith ги има остварено со светски познати компании. Ова е првпат дури и BMW да дозволи своето лого да го смени со елементи од лого на друга фирма.

За моделите од специјалната серија „x Kith“ ќе бидат достапни мраз црна, мраз темносребрена и мраз брилијантна бела боја. Тоа е во знак на трите најпопуларни бои во времето на BMW E30 M3. Меѓу главните обележја на серијата е карбонскиот покрив, со сиви букви Kith и со лентите на BMW M, што со специјална постапка се вплетени во карбонската структура. Сопирачките се спортски M Compound, со црвени клешти и лого M. Кованите М-тркала со двојни краци и дизајн 826М би-колор имаат пречник 19 инчи напред и 20 инчи назад.

https://photos.app.goo.gl/pgnghQmfPVoWdo6y5

Внатре се главни трибојните школкасти седишта од М, изработени од црна мерино кожа и елементи во црвена и светлосина боја. Истите логоа од уникатниот M4 Coupe во мерино црвена бојоа се забележуваат на повеќе места и во кабината на примерокот од ексклузивната серија.

Во техниката немаше што да се менува, BMW M4 Competition веќе го претставува врвот

Техниката е истата од BMW M4 Competition Coupé, а тоа значи 510 КС и 650 Nm, што се претвора во 3,9 секунди за спринт до 100 km/h и 12,5 секунди од место до 200 km/h. Менувачот во оваа изведба е 8-степен автоматик M Steptronic. Опција е погон на сите тркала. Ласерските светла се стандард во верзијата „x Kith“, исто како и карбонски украсни плочи во кабината и исто така карбонски пакет спојлери.

Испораката на BMW M4 Competition x KITH Edition, лимитиран на 150 примероци, ќе стартува во следното лето.

https://photos.app.goo.gl/STXePgaTEHdSagXG8

https://photos.app.goo.gl/kjEpuSm3SZEqZvqMA

Претходна објаваFerrari го врати правото да располага со името Testarossa
Следна објаваMG ќе продава повеќе електрични од бензински модели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here