за

Ferrari го врати правото да располага со името Testarossa

Ferrari повторно има ексклузивно право да го користи името Testarossa. Така одлучи Европскиот Суд на Правдата.

ferrari testarossa proslava 70 godini

Во 2017 година, германски суд одлучи дека Ferrari долго време го нема користено името и поради тоа го изгуби правото да располага со истото.

Европскиот Суд на Правдата одлучи дека заштитеното трговско име Testarossa останува важечко додека сопственикот на правата обезбедува услуги или продава користени возила под тоа име. Ferrari го убеди Судот дека уште ги сервисира возилата и врши поправки на Testarossa.

Моделот Testarossa, италијанска кованица за црвена глава, се произведуваше во 1980-те и 1990-те години. Култниот суперспортски автомобил има впечатлива форма на вратите и преклопливи предни светла.

Автомобилот имаше улога и во американската криминалистичка серија Мајами Вајс, којашто се снимаше во 1980-те години и имаме огромна гледаност ширум светот. Зад седиштата работи 12-цилиндарски боксер мотор со зафатнина од 4,9 литри. Вкупно беа произведени близу 10.000 примероци, со што моделот стана еден од најпродаваните во историјата на Маранело. Како наследник пристигна 550 Maranello во средината на 1990-те години.

>>> Ferrari заработува и среде корона-кризата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

BMW M4 Competition x Kith

BMW M4 Competition во специјална серија во соработка со Kith