Чоколадите Ritter Sport во локалниот супермаркет е можно да го минале производствениот синџир на германската фабрика со електричен камион Mercedes-Benz eActros. Поточно, состојките за прочуените квадратни чоколади патуваат на струја.
Осумнаесеттонски камион со погон на батерија превезува состојки за чоколади до фабриката. Производителот на чоколади Alfred Ritter GmbH & Co. KG, препознатливи по квадратната форма и познати во светски рамки, тестира примена на електричен Mercedes eActros во работното секојдневие. Камионот вози од магацинот во Детенхаузен, до фабриката во Валденбух, близу Штутгарт, кадешто е воедно и седиштето на концернот Daimler.
Електричниот камион превезува бадеми, лешници, фолии и амбалажи на рутата долга седум километри, од магацинот до фабриката. Mercedes eActros понатаму ја снабдува со готови чоколади и фабричката продавница „SchokoShop“ во кругот на фабриката во Валденбух. Mercedes минува 200 километри со едно полнење на батеријата, без ниту грам штетни материи. Батеријата се полни преку ноќ, во кругот на фабриката.
Избрани компании со светско реноме веќе втора година го тестираат камионот со погон на батерија на Mercedes, што веќе в година започнува со сериско производство
Како основа за електричниот камион служи познатиот Actros, најпродаван камион од тешка категорија во светот. Два електромотори поставени близу тркалата на задната оска испорачуваат по 126 kW (171 КС) и по 485 њутнметри. Енергијата пристига од батерија со капацитет од 240 kWh. При користење полнач со моќност од 150 kW, полнењето трае два часа.
>>> Mercedes прикажа концепт на камион со водороден погон

















