Uber им нуди 1 млрд. € на Mercedes и BMW за компанијата за мобилност

Uber им нуди 1 млрд. € на Mercedes и BMW за компанијата за мобилност

Uber е заинтересиран за преземање на заедничката компанија за мобилност Free Now на BMW и Daimler. Од Минхен има потврда дека се водат преговори. Според објавите во германските медиуми, Uber нуди повеќе од една милијарда евра за Free Now. Засега нема реакција од Uber и Daimler.

Фирмата за услуги за мобилност Free Now им припаѓа во подеднаков дел на BMW и Daimler. Компанијата претходно беше позната под името mytaxi. Нејзините услуги за превоз се достапни во преку 100 градови, со повеќе од 100.000 возачи.

Бизнисот сепак трпи поради корона-пандемијата. Free Now е дел од поголемата заедничка инвестиција Your Now, во којашто двата германски производители учествуваат со различни активности, вклучувајќи јавно достапен возен парк (carsharing), паркинзи и полначи за електрични возила.

>>> Три германски градови добија 1.600 е-скутери за изнајмување

Претходна објаваHummer се враќа како електричен пикап со 1.000 КС
Следна објаваВака изгледа електрична станица со полначи во Штутгарт