за

Вака изгледа електрична станица со полначи во Штутгарт

Во близината на Штутгарт денес е отворена станица со полначи за електрични автомобили која верно ја прикажува сликата што за само неколку години ќе стане вообичаена во Западна Европа.

Вака изгледа електрична станица со полначи во Штутгарт

На зелена ливада, на клучката од автопатот што води од Штутгарт кон Леонберг, компанијата EnBW денес отвори репрезентативен парк со полначи. На возачките и возачите на електрични автомобили им стојат на располагање осум полначи, од кои дел нудат моќност до 300 киловати.

Полначите се опремени со сите тековни приклучоци – CCS, Chademo и Typ 2 – за енергија за поминување доволно растојание да се наполни за најкусо можно време. На најбрзите полначи со еднонасочна струја, енергија за 100 километри пат може да се наполни за само 5 минути.

Посебност на станицата е тоа што целиот простор е покриен со фотоволтаички модули, од коишто со енергија се напојува целата станица. Покривот нуди заштита од временски влијанија, доброто осветлување им обезбедува пријатна атмосфера на корисниците, додека комплетната покриеност со видео-надзор се грижи за безбедност.

За да мине брзо времето додека се чека батеријата да се наполни, во целиот простор е достапна безжична мрежа, за проверка на пошта или за некаков вид забава во меѓувреме. Кабелскиот систем е посебно развиен од EnBW и прави ракувањето да биде мошне едноставно.

Електродистрибутерот EnBW во иднина планира да изгради уште голем број репрезентативни станици за полначи од ваков вид. Станицата покрај Хамбург е од модуларен тип и едноставно може да се надгради за да располага со двојно повисок капацитет. Во исто време, модуларната конструкција дозволува едноставно и брзо градење на следните станици.

Компанијата располага со 450 станици со полначи и оперира со најголемата мрежа од брзи полначи во Германија. До 2025 година, во натамошната изградба на мрежата од полначи ќе се вложуваат по 100 милиони евра секоја година.

>>> Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Uber им нуди 1 млрд. € на Mercedes и BMW за компанијата за мобилност

Uber им нуди 1 млрд. € на Mercedes и BMW за компанијата за мобилност

Tesla Model S сега забрзува за 2,5 секунди до сто

Tesla постигнува заработка пет квартали во низа