Изведбите со приклучен хибриден погон на Evoque и Discovery Sport, двата најпродавани модели на Land Rover, испуштаат многу повисока количина СО2 во атмосферата, отколку што првично навел производителот.
Уште еден проблем за Jaguar Land Rover. Огранокот за теренци на англиската компанија што е дел од индискиот концерн Tata Motors, не ги исполнува декларираните вредности за емисијата на штетни материи кај своите модели со приклучен хибриден погон.
Проблемот со лимитите за СО2 што Комисијата на Европската Унија ги поставува пред сите производители на автомобили, може да биде тешко премостлива пречка за Jaguar Land Rover, особено покрај фактот што таканаречените „суперкредити“ од британските власти отпаѓаат во случај производителот да не ги исполни барањата за електрификација на својата моделска понуда.
Тоа ќе претставува силен удар врз финансиското работење на компанијата што беше во криза и пред пандемијата.
>>> Британската влада одбива да му помогне на Jaguar Land Rover
















