Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ќе започне со продажба на Model 3 увезен од Кина.
Како што пренесуваат американските медиуми, Tesla ќе го продава Model 3 од гига-фабриката во Шангај во десет европски држави, меѓу кои Франција, Германија, Италија и Швајцарија. Шпекулациите за извозот на Model 3 од Кина за Европа почнаа уште пред неколку недели.
Според објавата на Shanghai Observer, контингентот возила што е наменет за извоз од Кина веќе се наоѓа на „Shanghai Haitong International Automobile Terminal“ и ќе биде качен на брод во идниот вторник.
Tesla во минатите години вложуваше многу во своите активности во азиската земја и покрај затегнатите односи во трговскиот спор меѓу двата супермоќници САД и Кина. Планот е во видно време во гига-фабриката во Шангај да се произведуваат по 150.000 автомобили годишно. Во минатиот месец, калифорниската марка продала 11.000 примероци од Model 3 во Кина.
















